Носи кацига, вози безбедно! Кампања на РСБСП, МВР И Факултет за безбедност – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Носи кацига, вози безбедно! Кампања на РСБСП, МВР И Факултет за безбедност

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Носи кацига, вози безбедно! Кампања на РСБСП, МВР И Факултет за безбедност
    26 јуни 2022

    РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност од Скопје продолжуваат со своите активности се со цел подигнување на сообраќајната култура на повисоко ниво. Денес во Охрид се реализира превентивната кампања – „Носи кацига, вози безбедно!“. Таа е наменета пред се за возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети.
    „РСБСП во соработка со МВР и Факултетот за безбедност од Скопје ја реализираат кампањата за велосипедисти, мопедисти и возачи на електрични тротинети затоа што во овој временски период зголемен е бројот на учесници во сообраќајот како велосипедисти, мопедисти и возачи на електрични тротинети. Целта на оваа кампања е овие превозни средства да бидат соодветно означени, возачите да ги почитуваат правилата и прописите и задолжително да носат заштитен шлем- кацига, а возачите на електричен тротинет задолжително треба да носат рефелектирачки елек од почетокот на самрак до разденување. Секојдневно сме сведоци на примери кога овие возачи кацигата ја носат на раката наместо на главата. Затоа апелирам на поголема внимателност и одговорност, како и задолжително носење на заштитниот шлем-кацига на главата, бидејќи тоа е еден од факторите за заштита на возачите и лицата кои се превезуваат со велосипед, мопед и електричен тротинет” –  истакна претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска.


    Помошник министерот за односи со јавност во МВР, Тони Ангеловски, истакна: „ Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите четири месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите четири месеци од 2022 година има 26 жртви, што е за 14 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 40. Оваа кампања што денеска ја почнуваме е за да влијаеме на свеста на возачите и на тој начин самите да си ја зголемат безбедноста. Ова особено важи за возачите на мотори, но и за возачите на електрични тротинети, кои се се помногубројни. Носењето кацига може да ви го спаси животот. Иако минатата година е најбезбедна во последните 15 години, сепак имаме 11 возачи на мотори кои го изгубиле животот. Доколку ги почитуваме правилата и носиме заштитен шлем оваа бројка значително ќе ја намалиме“.
    Ангеловски исто така истакна  дека покрај превентивните акции, продолжуваат и засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Собранието на Националното здружение на авто-школи и возачи-инструктори ОБУКА-Л, одбележа 30 години од неговото формирање
    Следна Објава:
    Aктивности во рамки на кампањата „Носи кацига, вози безбедно“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    РСБСП со активности на терен за одбележување на Денот на виното и љубовта

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!
    • РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS