ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – ПАТОТ КАКО ФАКТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – ПАТОТ КАКО ФАКТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – ПАТОТ КАКО ФАКТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ
    20 декември 2021

    Сообраќајот е континуирана интеракција помеѓу три главни фактори: однесувањето на учесниците во сообраќајот; безбедноста на сообраќајната инфаструктура, условите на патот и неговите карактеристики; и возилото. Според тоа, патот е значаен фактор и една од алките на синџирот за безбедност во сообраќајот.

    Кога се зборува за патот како фактор за безбедност во сообраќајот, се мисли и на улиците, мостовите, тунелите, надвозниците, подвозниците и др. Процентот на сообраќајни незгоди што настанале како последица од недостатоци и оштетување на коловозната конструкција се движи во одредени граници заради кои не треба да се заобиколи при анализата на причинитe кои доведуваат до сообраќајни незгоди.

    Во таа насока, секој учесник во сообраќајот треба да ги има предвид и видот и состојбата на патот по кој сообраќа (автопат, магистрален, регионален или локален пат, ширината на патот, неосветлените патишта, острите кривини, бројот на сообраќајни ленти и ширината на сообраќајните ленти на патот, оштетените патни површини, патната сигнализација и сл.). Особено треба да се внимава при сообраќај на некатегоризираните патишта (полски, шумски патишта и сл.)

    Сигнализацијата е составен дел од патиштата и дава голем број неопходни информации за учесниците во сообраќајот со цел да ги известува и штити корисниците на патот. Добро обележаниот пат претставува поголема сигурност за оние кои се придржуваат кон патната сигнализација што е поставена за да ги заштити корисниците на патот и да им овозможи максимална искористеност на патот под одредени услови.

    Влажните коловози се честа и нормална појава во овој период од годината и претставуваат сериозна закана за безбедното одвивање на сообраќајот. Намалена видливост, продолжување на сопирачкиот пат на возилото, деконцентрација, се само дел од начините на кои дождот, снегот и влажните коловози влијаат врз безбедното одвивање на сообраќајот. Според светската статистика, токму ваквите временски услови на патиштата предизивикуваат стотици илјади сообраќајни незгоди и илјадници смртни случаи во сообраќајот секоја зима.

    Неповолните временски услови се потенцијална закана за патниците и влијаат врз безбедното одвивање на патниот сообраќај. Токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, да се придржуваат до советите за управување со возилото во зимски услови, да ги следат информациите за временските услови на патиштата, како и патната сигнализација заради осигурување на поголема безбедност во сообраќајот. Бидете одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози, пониски температури и зимски услови на патиштата.

    РСБСП со апел: Внимавајте на влажните коловози! Не го потценувајте ризикот и опасностите кои ги носат ниските температури, маглата, дождот, снегот и голомразицата!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „БРЗОТО ВОЗЕЊЕ УБИВА!“- БРЗИНАТА Е КЛУЧЕН ФАКТОР НА РИЗИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ
    Следна Објава:
    Прва регионална конференција ,,БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS