„БРЗОТО ВОЗЕЊЕ УБИВА!“- БРЗИНАТА Е КЛУЧЕН ФАКТОР НА РИЗИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „БРЗОТО ВОЗЕЊЕ УБИВА!“- БРЗИНАТА Е КЛУЧЕН ФАКТОР НА РИЗИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    „БРЗОТО ВОЗЕЊЕ УБИВА!“- БРЗИНАТА Е КЛУЧЕН ФАКТОР НА РИЗИК  ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ
    7 декември 2021

    Брзото возење води кон брз и неславен крај и изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално!

    За жал и покрај свесноста за овие факти, голем број на возачи не ги почитуваат правилата за ограничување на брзината. Според статистичките податоци брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.

    Кога е во прашање брзото возење воглавно постојат три групи на возачи и тоа:

    •  возачи кои целосно и безусловно ги почитуваат правилата за ограничување на брзината;

    • возачи кои понекогаш ги пречекоруваат правилата за ограничување на брзината или го прават тоа во рамки на отстапувања кои според нивно лично мислење се прифатливи и

    •   возачи кои често ги пречекоруваат правилата за ограничување на брзината

    Науката и статистиката покажуваат дека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 50 км/ч е 26 метри, додека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 60 км/ч е 34 метри. Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт. Токму тоа беше и причината најголемата дозволена брзина во населено место во изминатите години да се намали од 60км/ч на 50 км/ч.

    Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото, во просек, за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места. Затоа е важно да се намали просечната брзина во населени места и на регионалните патишта со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот. Резултатите од истражувања во странство покажуваат дека со намалувањето на просечната брзина за само 1 км на час, бројот на сообраќајни незгоди во населено место би се намалил за 4 проценти, додека бројот на сообраќајни незгоди надвор од населено место би се намалил за 2 проценти.

    Дека побавното возење е побезбедно потврдува и фактот дека веројатноста за смртност на пешаците при удар на возило со брзина од 50 км на час е 85 проценти, додека веројатноста пешак да загине при удар на возило со брзина од 30 км на час е помалку од 10 проценти.Согласно наведеното, брзината е клучен фактор на ризик за безбедноста на најранливите групи учесници во сообраќајот (пешаците, велосипедистите, старите лица и децата), а исто така брзината е клучен фактор за сериозноста на последиците за возачите и патниците во возилата.

    „Брзото возење убива!“

    „Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално!“

    „Брзото возење ве носи кон брз и неславен крај!“

    Затоа РСБСП апелира: Намали ја брзината пред да биде доцна! Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на  брзината.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    ДЕН НА ЖАЛОСТ
    Следна Објава:
    ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – ПАТОТ КАКО ФАКТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со кампања насочена кон матурантите „На матурска прослава без автомобил”
    • РСБСП и ОСБСП Охрид во организација на сообраќајно-едукативен натпревар „Детски семафор Охрид“
    • РСБСП теренски ја започна камапњата за побезбеден сообраќај на мотоциклистите – „Безбедно на мотор“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS