РСБСП со апел: Брзото возење носи смрт на патиштата! Возете смирено и безбедно и почитувајте ги правилата за ограничување на брзината – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Брзото возење носи смрт на патиштата! Возете смирено и безбедно и почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел:  Брзото возење носи смрт на патиштата! Возете смирено и безбедно и почитувајте ги правилата за ограничување на брзината
    8 август 2019

    Брзината е критичен и клучен  фактор во сите сообраќајни незгоди и може да се каже дека токму од брзината зависи дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода и какви ќе бидат последиците од сообраќајната незгода.

    Според статистичките податоци брзото возење, односно  неодговорното  однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.  Во 2018 година, во Република Северна Македонија, 43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди предизвикани од брзо возење,  а 1069 лице се здобиле со тешки и сериозни повреди  како последица на брзото возење.

     За жал, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека  86 % од возачите во Република Северна  Македонија  барем еднаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината,  а  20 %  од нив,  тоа го прават често. 

    Водејки се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите дека:

    •  Возачот е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.

    •  Брзината на движење е ограничена согласно условите на патот  и истата е одбележена со соодветен сообраќаен знак.

    •  Брзината на движење, на патиштата во Република  Северна Македонија, е ограничена и тоа:

         – На 130 км/час на автопат

        – На 110 км/час на пат резервиран за моторни возила

        – На 90 км/час на останатите патишта

        – Најголема дозволена брзина во населено место е 50 км/час.

    •  Брзото возење  ја загрозува безбедноста во сообраќајот и  се санкционира со парична казна до 400 Евра во денарска противвредност,   во зависност од тежината на сторениот прекршок, односно од големината на пречекорувањето на брзината.

    •  Брзото возење претставува закана за времено одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

    •  Брзото возење ве прави нервозни и агресиви.  Агресивните и брзи возачи немаат можност да уживаат во  возењето и се соочуваат со голем број на стресни ситуации додека возат.

    •  Брзото возење значи поголема потрошувачка на гориво и негрижа за возилото.

    Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат со  фатални последици кои се трајни и ненадоместливи. Не дозволувајте летните патувања да се претворат во нечија црна судбина. 

    Затоа РСБСП со апел до возачите:  Намалете ја брзината, возете смирено и безбедно.  Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и уживајте во патувањето.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел до возачите: Безбедноста на прво место! Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол!
    Следна Објава:
    ЛЕТНА КАМПАЊА – 2019
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS