Без изговори, без оправдувања! Паркирај одговорно, секогаш и секаде – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Без изговори, без оправдувања! Паркирај одговорно, секогаш и секаде

    1. Насловна
    2. Проекти
    Без изговори, без оправдувања! Паркирај одговорно, секогаш и секаде
    13 март 2019

    Сообраќаен метеж, недоволен број паркинг места, зафатени тротоари, пешачки и велосипедски патеки, непроодни пешачки премини, зафатени паркинг места за лица со ограничени можности – слика со која секојдневно се соочуваме. Возачите се нервозни поради блокирање на сообраќајот, пешаците се нервозни поради зафатените тротоари, велосипедистите, исто така, не можат слободно и безбедно да се движат во сообраќајот. Сите трпат, сите се попречени во правото на слободно движење, на сите им се загрозува безбедноста, но никако да се фати ред и да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот.

    Можеби се оправдани тврдењата дека бројот на возила е преголем и дека сообраќајната инфраструктура нема капацитет да го апсорбира целиот сообраќај. Очигледно е дека во сите поголеми градови недостасуваат паркинг места, како за моторни возила така и за велосипеди. Но, очигледните недостатоци во сообраќајната инфраструктура не можат да ги оправдаат и да ги покријат лошите навики и ниското ниво на сообраќајна култура. 

    Недостатоците на сообраќајната инфраструктура не може да бидат изговор и не ви даваат за право да се паркирате на тротоар, на велосипедска патека, на пешачки премин, на место резервирано за лица со ограничени можности, во тревник, на детско игралиште и сл.  Истражувањата покажуваат дека возачите се свесни за лошите навики на паркирање и кога учествуваат во сообраќајот како пешаци и велосипедисти непрописно паркираните возила исклучително многу ѝм сметаат, но кога треба да паркираат… е тогаш следуваат оправдувања и изговори: „Паркирам на кратко“, „Нема друго место“, „Сите така паркираат“, „И за паркинг ли да давам пари“, „Мојата кола е мала, не фаќа многу место“, „Нека му ја мисли соседот, јас ли да мислам“, „Ако јас паркирам правилно, друг не паркира, залудно ми е“, „Сега ли баш ќе му затреба паркинг местото на лице со ограничени можности“… Изговори, изговори.

    Многу изговори, сите различни,  но ниту еден не го решава проблемот кој од ден на ден станува сѐ посериозен и поголем.

    Хаосот во паркирањето ѝм го загрозува животот на сите учесници во сообраќајот. Пешаците, велосипедистите, возачите, сите се загрозени, но најзагрозени од лошото паркирање се оние кои се најмалку виновни, нашите најмили, децата.

    Хаосот во паркирањето им создава проблеми на сите. Сите се нервозни и бунтовни на непрописно паркираните возила, но забораваме дека во голем дел сите ние поединечно, повеќе или помалку придонесуваме овој хаос да биде континуиран, секојдневен и обемен.

    Затоа, РСБСП потенцира дека е крајно време да се остават изговорите и оправдувањата настрана и да почнат да се менуваат навиките и културата за паркирање и за начинот на однесување во сообраќајот. Крајно време е да се разбере дека хаосот во паркирањето во голем дел го креираат самите учесници во сообраќајот со непочитување на правилата и прописите за правилно паркирање, со ниско ниво на култура, толеранција, меѓусебно почитување и целосна безобзирност за другите, за општото и заедничко добро.

    Со лошото паркирање, со непочитување на правилата и прописите за паркирање, со изговори и оправдувања сами си ја сечете гранката на која седите.

    Затоа, без изговори и без оправдувања! Паркирајте одговорно, секогаш и секаде! За безбеден сообраќај и за непречено движење на сите учесници во сообраќајот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Жените се рамноправни учесници во сообраќајот и пред сѐ безбедни возачи!
    Следна Објава:
    Внимавајте на велосипедистите
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS