Внимавајте на велосипедистите – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Внимавајте на велосипедистите

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    Внимавајте на велосипедистите
    19 март 2019

    Најавувајќи го доаѓањето на пролетта, топлото време и високите дневни температури ги „мобилизираа“ и велосипедистите. Добрите временски услови овозможија зголемување на бројот на велосипедисти во сообраќајот. Иако има „јунаци“ кои велосипедот го користат во текот на целата година, сепак најголем број од љубителите на велосипедот, со нетрпение ги очекуваат пролетните денови кога го оставаат автомобилот и ослободени од гужвите и нервозите во сообраќајниот метеж, со задоволство ќе свртат едно кругче низ град со својот „миленик“. Додека љубителите на велосипедот се помалку или повеќе возбудени поради можноста да уживаат во пролетното возење, на возачите секогаш како да им треба уште малку време да се навикнат на  зголемениот број веелосипедисти во сообраќајот.

    Водејќи се од тоа, РСБСП со практични совети до возачите и со потсетување на одредбите од ЗБСП што се однесуваат на возачите на моторни возила кон велосипедистите:

    • Велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот и треба да ги почитувате како и останатите моторизирани и немоторизирани учесници во сообраќајот;
    • Пролетта е дел од годината кога значително се зголемува бројот на велосипедисти учесници во сообраќајот. Биди внимателен возач и внимавај на велосипедистите во сообраќајот;
    • Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или да паркира возило на велосипедска патека, односно лента и на премин на велосипедска патека преку коловозот, како и на оддалеченост помала од десет метри од преминот;
    • Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или да го паркира возилото на место на кое би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или пречка за движењето на  велосипедистите;
    • На посебно уредена сообраќајна површина, наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност, односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп-приколки) и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот;
    • Возачот кој при свртување на возилото пресекува велосипедска патека или лента, должен е да ги пропушти велосипедите, велосипедите со помошен мотор, мопедите, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента. Не почитување на оваа законска одредба се санкционира со парична казна во износ од 300 евра во денарска противвредност;
    • Возач кој се движи со возило по коловоз на која има вода, должен е да го приспособи возењето да не ги прска пешаците, возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

    РСБСП упатува апел до возачите: Велосипедот е економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на мобилност. Го намалува сообраќајниот метеж, бучавата и загадувањето. Секој велосипед заменува едно возило. Велосипедот нема воздушни перничиња и е многу послаб и инфериорен во однос на моторното возило, во случај на сообраќајна незгода. Затоа, биди внимателен возач, почитувај ги велосипедистите и чувај ги од повреди и загуби.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Без изговори, без оправдувања! Паркирај одговорно, секогаш и секаде
    Следна Објава:
    Пешаците и понатаму се една од најзагрозените групи учесници во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS