Вистина или лага? „Брзав за да стигнам навреме“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Вистина или лага? „Брзав за да стигнам навреме“

    1. Насловна
    2. Проекти
    Вистина или лага? „Брзав за да стигнам навреме“
    13 ноември 2018

    Една поговорка што повозрасните возачи често знаат да ја кажат, вели: „Вози бавно, стигни славно“. Убаво речено, но ќе биде уште поубаво ако возачите ја разберат и нејзината суштина, што всушност значи спасување човечки животи.

    За жал, во реалноста се случува нешто друго…

    Секојдневно сведочиме за голем број сообраќајни незгоди предизвикани од брзо и агресивно учество во сообраќајот.

    Секојдневно сведочиме за несакани случки со возачи кои возат брзи и бесни автомобили. Улиците и патиштата се користат како стази за достигнување огромни брзини.

    Постепено се менува перцепцијата за дозволената брзина во сообраќајот, па се добива чувство дека прекршувањето на правилата за ограничување на брзината е нормално, очекувано, оправдано, па дури и потреба.

    Брзиот и динамичен живот, бројните обврски, постојаниот недостаток на време, не е, и не може да биде оправдување. „Брзав за да стигнам навреме“ е најчестиот изговор што го користат возачите, со цел да објаснат зошто направиле одредено опасно дејствие – брзо возење. Од тука, со право се наметнува прашањето: вистина е, или лага? Дали навистина брзото возење ќе донесе и заштеда на време? Што ако сите брзаат и не ги почитуваат правилата во сообраќајот? Дали тоа ќе овозможи безбеден и фрекфентен сообраќај или ќе продуцира метеж, односно сообраќаен хаос со голем број повредени и загинати лица? Дали навистина „добивате“ на време? Дали „добиеното“ време е толку драгоцено за да го ризикувате сопствениот живот, животот и здавјето на вашите најмили и воопшто животот на кој било учесник во сообраќајот? Што е со изгубената младост и изгубениот живот на тие што загинале во сообраќајна незгода или се здобиле со траен инвалидитет?

    Брзото и агресивно однесување во сообраќајот изнудува грешки кои завршуваат со фатални последици. Брзото возење е причина број еден за предизвикување сообраќајни незгоди со тешки и фатални последици. Статистиката покажува дека минатата година, во Република Македонија, 72 лица, односно 46% од вкупниот број загинати лица во сообраќајни незгоди се последица на брзо возење.

    Во 2017 година, повеќе од половина од настраданите лица во сообраќајните незгоди во Европа, настрадале поради пребрзо возење. Некои поради неприлагодена брзина кон условите на патот, а некои поради преценување на сопствените квалитети и можности, или поради игнорирање на опасностите на патот.

    РСБСП со совет: Запрете за миг, размислете добро и заклучете: што е тоа што го добивате, а што е тоа што го губите, или може да го изгубите, доколку не ги почитувате правилата за ограничување на брзината?!?

    Потсетување: Брзината на движење на патиштата во Република Македонија е ограничена во зависност од условите на патот и истата е обележана со соодветен сообраќаен знак. Глобата за непочитување на оваа законска обврска  изнесува и до 400 евра, односно соодветен број негативни поени и времено одземање на возачката дозвола.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Почитувањето на сообраќајната сигнализација не е право на избор!
    Следна Објава:
    РСБСП со потсетување до возачите: На 15 ноември започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS