Неколку факти зошто да кажете „НЕ“ на возењето под дејство на алкохол – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Неколку факти зошто да кажете „НЕ“ на возењето под дејство на алкохол

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Неколку факти зошто  да кажете „НЕ“ на возењето под дејство на алкохол
    28 јуни 2018

    Консумирањето алкохол, дури и во релативно мали количини, го зголемува ризикот од учество во сообраќајна незгода. Токму затоа, секое седнување зад воланот после конзумирање алкохол, без разлика дали е тоа автомобил, камион, мотор или друго моторно возило –  претставува сериозен криминал.

    Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачот не смее да управува со возило во сообраќај на патот, ниту да започне да управува со возило, ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол се смета лице за кое ќе се утврди дека содржината на алкохол во крвта изнесува повеќе од 0.50 г/кг.

    Возач-почетник не смее да управува со возило, односно да започне да управува со возило, ако во организмот има алкохол повеќе од 0,09 г/кг. Ова значи дека толеранцијата за алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0 –„нула“.

    Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, управување моторно возило под дејство на алкохол се санкционира со парична казна во износ до 375 евра, односно 60 негативни бода и забрана за управување возило од 12 месеци. Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кој ќе се утврди дека е под дејство на алкохол. Ако постои основано сомнение дека возачот ќе продолжи со вршење на прекршокот, полицискиот службеник може да го задржи возачот во полициска станица до отрезнување, но не подолго од 12 часа.

    Покрај строгите санкции, важно е да се истакне дека голем број лица го губат животот или се здобиваат со трајни телесни повреди-траен телесен инвалидитет, како последица од учество во сообраќајот под дејство на алкохол.

    Водејќи се од тоа, РСБСП потенцира дека алкохолот е важен ризик-фактор што предизвикува сообраќајни незгоди, како и важен фактор за последиците од сообраќајните незгоди. Возачите кои имаат консумирано алкохол, имаат многу поголем ризик за учество во сообраќајни незгоди, во споредба со оние кои немаат. Според истражувањата на релевантни меѓународни организации, ризикот за предизвикување сообраќајни незгоди повеќекратно се зголемува со секоја дополнително испиена чашка алкохол.

    Ризикот за предизвикување сообраќајна незгода зависи и од возраста на возачите. Младите и неискусни возачи кои пиеле алкохол се некоку пати (2.5 пати) поризични од повозрасните и поискусни возачи.

    Зголеменото ниво алкохол во крвта се поврзува и со зголемување на сериозноста на повредите од сообраќајна незгода. Ова е посебно изразено кај фаталните сообраќајни незгоди. Имено , возач кој е под дејство на алкохол има 17 пати поголем ризик да предизвика сообраќајна незгода со фатални последици во споредба со возач кој не е под дејство на алкохол.  

    Алкохолот е ризик-фактор и за безбедноста на пешаците во сообраќајот. Една англиска студија покажува дека 48% од пешаците кои го загубиле  животот  во сообраќајни незгоди  биле под дејство на алкохол.  Во Република Македонија не постои прецизна статистика,  но значаен дел од настраданите пешаци во сообраќајни незгоди  биле под дејство на алкохол.

    Ризикот за учество во сообраќајна незгода со фатални последици е за 4 пати повисок кај возачите  на мотоцикл и велосипед, во однос на останатите возачи, покажуваат студии направени од релевантни организации.

    Алкохолот влијае врз способноста на возачите и влијае на нивното однесување во сообраќајот на повеќе начини:

    • Алкохолот ги намалува возачките вештини: ги нарушува психомоторните способности на возачот, го намалува видот, ја искривува сликата за околината и го нарушува слухот.
    • Алкохолот делува како депресант на централниот нервен систем. Тоа предизвикува бавна, ненавремена и нецелосна перцепција на случувањата во сообраќајот, со што можноста за антиципирање на опасностите во сообраќајот значително се ограничува.
    • Алкохолот влијае на способноста за расудување и носење одлуки.
    • Возачите под дејство на алкохол и покрај намалените психомоторни способности, возат брзо и агресивно и насилно се однесуваат во сообраќајот.

    Управувањето со моторно возило под дејство на алкохол е спротивно на цивилизациските и хуманите вредности на современото општество. РСБСП со апел – Време е да кажеме „Стоп“ за насилствата на патиштата и на улиците! „Стоп“ за возење под дејство на алкохол! Вози одговорно!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Планирајте на долги патеки, грижете се за вашата безбедност, за вашиот живот и за безбедноста и животот на луѓето околу вас!
    Следна Објава:
    Повик за доставување апликации за трета младинска обука
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS