Промени во ЗБСП што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Промени во ЗБСП што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Промени во ЗБСП што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години
    29 јануари 2018

    По повеќе од шест месеци собраниска и владина процедура, деновиве стапија на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата што се однесуваат на повозрасните возачи. Измените предвидуваат возачката дозвола за лицата постари од 70 години да се издава со рок на важење до три години, наместо до 65 години како што тоа беше случај до сега.

    Возраста на возачите претставува еден од факторите што значително влијаат врз безбедноста на сообраќајот. Генерално, постојат две најзастапени групи учесници – причинители на сообраќајни незгоди, а тоа се младите возачи на возраст до 24 години и возачите постари од 60 години. Ризикот за учество во сообраќајни незгоди кај овие возачи е повисок во однос на останатата популација возачи. Во младите години, како предуслов возачите да учествуваат во сообраќајна незгода, се наметнува недоволното искуство и обученост за справување со предизвиците во сообраќајот, а во постарите години, тоа се физиолошките и психолошките промени кај личноста.

    Повозрасните возачи се соочуваат со опаѓање на психофизичките функции, а нивните психомоторни способности се на пониско ниво, со што доаѓа до зголемување на индивидуалните разлики. Поизразени промени во делот на функциите на целиот организам и перцептивно-моторните способности се јавуваат по 40 годишна возраст.

    Промените на функциите кај повозрасната група возачи се прикажуваат преку слабеење на видот, посебно можноста за гледање во ноќни услови и во услови на заслепување. Реакциите кај овие возачи се побавни, а движењата помалку координирани. Краткотрајното паметење и обработката на информации се послаби, така што возачите на оваа возраст тешко можат да проценат сложена сообраќајна ситуација. Тешко се одлучуваат и не можат да го прилагодат маневрирањето при ненадејни и изненадни промени на сообраќајната ситуација бидејќи имаат проблем со времето во сите фази на прием, обработка и пренос на информациите.

    Според научните согледувања, најголем број од незгодите што ги предизвикуваат возачите постари од 65 години, можат да се припишат на информационите пропусти. Со стареењето, процентот на незгоди што се случуваат поради информациони пропусти и погрешно донесени одлуки, значително се зголемува. Сериозен недостаток кај старите возачи претставува можноста за навремено забележување и одржување растојание.

    Потребно е да се истакне дека возрасната група – постари возачи не претставува хомогена целина бидејќи меѓу нив постојат големи индивидуални разлики што се зголемуваат со текот на годините. Затоа, не е пожелно да се ограничуваат старосните граници во поглед на дозволата за возење, освен во случај кога непосредните фактори упатуваат на тоа. Во оваа насока, законодавецот во Р.Македонија за категоријата постари лица предвидува ограничувања што се однесуваат на важноста на возачката дозвола која им се издава на овие возачи. Имено, според новите измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во член 304 став 1 се предвидува возачката дозвола за лицата постари од 70 години да се издава со рок на важење до три години.ж

    На лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 65 години, возачката дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст.

    Возачката дозвола може да се издаде или нејзината важност може да се ограничи и на пократки рокови, а во зависност од наодот и мислењето на здравствената установа, содржани во уверението за здравствената и психофизичката способност на лицето.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината
    Следна Објава:
    Измени во ЗБСП во однос на правото за стекнување на возачка дозвола од Б категорија за дете-возач
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS