Измени во ЗБСП во однос на правото за стекнување на возачка дозвола од Б категорија за дете-возач – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Измени во ЗБСП во однос на правото за стекнување на возачка дозвола од Б категорија за дете-возач

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Измени во ЗБСП во однос на правото за стекнување на возачка дозвола од Б категорија за  дете-возач
    31 јануари 2018

    Голем е бројот на деца кои што седнуваат зад управувачот уште пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, односно на возраст од 15, 16 и 17 години. Причината за ова појава може да се бара во желбата за докажување пред своите другари, но, во најголем број случаи, вина имаат и родителите кои им дозволуваат на своите деца да седнат зад управувачот, и покрај тоа што тие не се оспособени, ниту пак ги исполнуваат условите за управување на возило. Во многу случаи, детето управува моторно возило, а неговиот родител  седи на предното совозачко седиште и се восхитува на своето дете, без притоа да биде свесен дека прави голема грешка.

     

     

    Измени на законската регулатива

    Со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидени се промени во делот на условите за стекнување со право за оспособување за управување на моторно возило од „Б“ категорија за дете. Имено, во однос на возраста со која што дете може да се стекне со право за оспособување за управување со возило, предвидено е детето да има наполнето 17 години, а не со наполнети 16 години, како што досега предвидуваше Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, нема потреба детето-кандидат за возач да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година, како што досега предвидуваше ЗБСП, ниту пак има потреба од писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое учи детето.

    Покрај условот кој што се однесува за возраста на детето, потребно е да бидат исполнети и следните услови: детето треба да поседува лична карта, да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило, да има завршено најмалку основно образование, и да има согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар.

    Оспособувањето за управување со моторно возило на дете се врши со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30% во однос на бројот на наставни часови од практичниот дел на наставната програма, предвидени за останатите кандидати за возачи.

    Дете – возач

    Дете кое поседува возачка дозвола од „Б“ категорија не смее да управува со возило во патниот сообраќај во времето од 20:00 до 05:00 часот, освен ако во возилото го придружува родител, односно старател кој седи на предното седиште, кој поседува возачка дозвола од „Б“ категорија и на кого не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

    Дете-возач не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, ниту пак со брзина поголема од 100 km/h на автопат.

    Во однос на силата на моторот на возилото кое што смее да го управува дете-возач, потребно е да се истакни дека јачината на моторот на возилото не смее да биде поголема од 77 kw.

    Дете-возач не смее со возило да влече приклучно возило, ниту пак да управува со возило надвор од територијата на Република Македонија.

    РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот кои спаѓаат во категоријата дете-возач да бидат максимално одговорни во сообраќајот и да ја почитуваат законската регулатива која се однесува на оваа категорија на возачи.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Промени во ЗБСП што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години
    Следна Објава:
    Управување моторно возило под одвлечено внимание, ризик-фактор што ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS