Најчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Најчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    Најчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи
    12 јули 2017

    1. Брзо возење. Неискусниот млад возач не е во состојба да го процени потребното време и потребниот сопирачки пат за да се запре возилото. Исто така, млад и неискусен возач не е во состојба брзо е ефикасно да препознае опасни ситуации во сообраќајот. Иако рефлексите на младите возачите се остри и ефективни сепак чувството за вашето толкување на ситуациите и препознавање на потенцијалните опасности во сообраќајот не е толку развиено како кај поискусните возачи. Потребно е време и пракса за да се добие тоа чувство. Затоа особено  важно  е младите возачи да бидат смирени, да ја намалат брзината и максимално да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

    2. Возење под одвлечено внимание. Статистиката покажува дека младите возачи почесто страдаат во сообраќајни незгоди предизвикани од возење под одвлечено внимание. Тоа значи дека младите повеќе користат мобилен телефон, пишуваат пораки, консумираат храна, го подесуваат радиото, ја следат непосредната околина, прават козметичко средување, односно  извршуваат голем број паралелни активности за време на возењето. Ваквото однесување во сообраќајот е опасно и недозволиво и неопходно е младите да ги променат лошите навики и да бидат активни и фокусирани учесници во сообраќајот.

    3. Склоност кон непотребни ризици. Возењето автомобил само по себе носи одреден ризик. Но кога истото е комбинирано со лоша одлука и лошо однесување, тогаш станува премногу опасно и претставува закана за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, на пример:

    • Поминување на жолто или црвено на семафор
    • Брзо возење
    • Неправилно пристигнување
    • Возење под дејство на алкохол, итн.

    4. Не користење безбедносен појас. Младите возачи спаѓаат во групата возачи кои најмалку користат безбедносен појас. Безбедносните појаси не влијаат на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода, но имаат големо влијание на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Не ретко, безбедносниот појас е границата помеѓу животот и смртта. Затоа секогаш користете безбедносен појас.

    5. Не држење безбедно растојание. Младите возачи немаат доволно искуство и не се во состојба да го проценат сопирачкиот пат на возилото и многу често учествуваат во сообраќајни незгоди поради небезбедно растојание. Една од работите на кои секој млад возач треба да обрне посебно внимание, е да држи поголемо и побезбедно растојание помеѓу возилата.

    6. Корекција на грешки. Преземањето одредени дејствија за да се компензираат или да се исправат одредени грешки во сообраќајот, или да се избегнат одредени несакани ситуации во сообраќајот, за жал, многу пати ги доведува младите возачи во ситуација да ја загубат контролата над возилото и дополнително да ја направат ситуацијата поопасна, а последиците фатални. Не калкулирајте со ситуацијата. Она што е потребно, е да се намали брзината, да се држи безбедно растојание и секогаш да се остане смирен и концентриран во сообраќајот.

    7. Возење додека се уморни. На секој млад човек му треба повеќе сон отколку на повозрасен човек. Сепак, младоста, лудоста, темпераментот, лажната самодоверба и динамиката на живот создаваат притисок кај младите возачи. Последицата е учество во сообраќајот кога се уморни, истрошени и ненасапини, а крајниот исход е сообраќајни незгоди со загубени човечки животи. 

    8. Возење со друштво. Природно е да сакаш да се возиш со друштво, особено кога си млад, но тоа може да биде опасно ако друштвото ти го одвлекува вниманието, те мотивира или те наведува на агресивно и неодговорно учество во сообраќајот. Тинејџер-патник во автомобил го зголемува ризикот од предизвикување сообраќајна незгода кога возачот е млад и неискусен. Без разлика на годините и на возачкото искуство, зад воланот покажи авторитет, биди свесен и  совесен – сепак крајната одговорност е на возачот.

    9. Возење погрешен автомобил. Младите возачи имаат мерак за големи и моќни автомобили. Управувањето со овие автомобили бара поголеми вештини, бара способност и бара психолошка зрелост. Управувањето на моќен автомобил со високи перформанси значи и поголем ризик да се подлегне на притисокот од околината, значи ризик за брзо и неодговорно учество во сообраќајот, значи ризик да се загуби контролата над автомобилот и контролата на самиот себе, а со тоа и да се загрози сопствениот живот или животот на некој друг.

    За да се заштитите и да се спасите од искушенија, предизвици и несакани ситуации најдобро е секој млад возач уште на самиот почеток да одбере соодветен автомобил кој одговара на неговата возачка способност и психолошка зрелост.

    10. Нестрпливост. Нестрпливоста е карактеристична за младите и неискусни возачи и како резултат на тоа се преземаат опасни дејствија како брзо возење, неправилно пристигнување, слалом возење. Ваквото однесување во сообраќајот одзема животи и не може да се оправда на ниту еден начин. Возачка дозвола значи зрелост и доверба која треба да ја манифестира секој млад возач.

    11. Возење под дејство на алкохол. Младоста оправдува многу нешта, но не и возење под дејство на алкохол. Возењето под дејство на алкохол е еднакво на посегнување по сопствениот живот или по животот на некој друг. Затоа никогаш, никаде, ниту еден единствен метар, не вози под дејство на алкохол. За мирна совест и долг живот.

    Како млади возачи, веројатно ќе направите грешки, но грешките нема да бидат трагични и фатални ако ги следете советите на РСБСП. Затоа бидете внимателни и одговорни во сообраќајот и следете ги советите и препораките на РСБСП. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Заморот кај возачите: симптоми, причини и последици
    Следна Објава:
    За поголема безбедност во сообраќајот бесплатен превентивен технички преглед во Мото Америт
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS