РСБСП и УТМ потпишаа Меморандум за соработка за поголема безбедност на младите во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП и УТМ потпишаа Меморандум за соработка за поголема безбедност на младите во сообраќајот

    1. Насловна
    2. РСБСП
    25 април 2017

    Мултисекторски пристап и заедничка грижа за безбедноста на младите во сообраќајот е примарниот мотив  и водечката   цел за потпишување на  меморандум за стратешко партнерство и соработка помеѓу Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. 

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје денес во просториите на универзитетот потпишаа меморандум за соработка со кои заеднички се заложија за унапредување на безбедноста на младите во сообраќајот преку  размена на искуства, совети и информации, како и организација и реализаиција на заеднички активности,  советувања, едукативни вежби, работилници, обуки за зголемување на безбедноста на младите во  сообраќајот, итн. Следење и примена на позитивни светски пракси за заштита на   младите како ризична групи на учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои учесници се младите е онаа за што посебно ќе се залагаат двете институции во наредниот период.

    Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата м-р Стојче Стаменковски изјави дека врз основа на денешниот меморандум за соработка РСБСП и УТМ во наредниот период заеднички ќе  реализираат   бројни активности за зголемување на безбедноста на младите во сообраќајот, при што во фокусот на интерес ќе бидат   теми поврзани со брзото возење, возењето под дејство на алкохол и возење под одвлечено внимание  како најчести причини за сообраќајните незгоди во кои жртви се младите  а исто така  ќе бидат опфатени и  други едукативни  активности поврзани со улогата на студентите во процесот на градење на сообраќајната култура.

    Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. д-р Аце Миленковски истакна дека потпишувањето на денешниот меморандум за соработка со РСБСП  претставува чекор напред кон континуирана размена на искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои што можат да се применат, а се со единствена цел поголема сообраќајна едукација на студентите и вработените во универзитетот  и  поголема вклученост на студентите и вработените во реализација на општествено одговорни активности како што е безбедност на младите во сообраќајот. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Мобилен телефон VS возење
    Следна Објава:
    Едукативен автобус ОУ “Кузман Шапкарев“ – Драчево
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS