Возење во услови на магла – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Возење во услови на магла

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Возење во услови на магла
    3 февруари 2017

    Условите под кои се одвива сообраќајот во зимските месеци се по многу нешта специфични. Снег, мраз, голомразица, но и намалена видливост поради густата магла, се причините кои го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот, како низ градските средини, така и на патиштата кои се трасирани долж речните корита, по долините, котлините и на планинските превои.

    Појавата на магла се карактеризира со намалена видливост на патот, што ја намалува ориентацијата во просторот, возачот има погрешна проценка за оддалеченоста со другите возила, а поради изразената влага во атмосферата доаѓа до лош контакт на гумите со подлогата. Видливоста на патот, пак, е условена од густината на маглата, замаглувањето и наросувањето на ветробранското стакло, како и од распрскувањето на светлосните зраци од сопственото возило и од возилата кои доаѓаат од спротивен правец. 

    Ваквите услови и временски прилики од возачите бараат посебна внимателност и прилагодена брзина на возење.

     

    За ваше безбедно учество во сообраќајот, во услови на густа магла на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ве советува:

     

    • Секогаш користете сoборени светла и (или) магленки (доколку маглата е густа и видливоста е помала од 100 метри),  а доколку е потребно вклучете четири трепкачи, и на крај, доколку видливост е многу намалена, користете ја и сирената на автомобилот и отворете го прозорецот за да можете да ги слушнете другите возила.
    • Брзината на движење прилагодете ја пропорционално со намалената видливост на патот, односно возете со брзина со која ќе можете да застанете пред која било препрека што ќе ја забележите
    • Не забрзувајте ја брзината на возење нагло и не успорувајте нагло, не правете нагли промени на правецот на движење и најважно: не кочете нагло!
    • Секогаш држете безбедно растојание
    • Секогаш возете блиску до десниот раб од  коловозот
    • Никогаш не паркирајте на пат, особено во услови  на магла
    • Избегнувајте да престигнувате  и да запирате на отворен пат
    • Ако запирањето е неопходно, поставете соодветна сигнализација за одбележување на возилото. Сигнализацијата поставете ја на поголемо растојание од она на кое би ја поставиле во нормални услови.
    • Ако учествувате во сообраќајна незгода во услови на густа магла а притоа не ви се вклучени светлата за магла тоа може да влијае на вашата можност да ги искористите вашите права од осигурувањето на возилото.
    • Доколку не постојат услови за безбедно одвивање на сообраќајот едноставно прекинете го патувањето или одложете го за друг пат кога ќе постојат соодветни услови.

    Покрај овие корисни совети за безбедно учество во сообраќајот, РСБСП со потсетување до сите возачи-учесници во сообраќајот, возењето во вакви временски услови бара потполно исправни светла и исправни бришачи, што воедно е и законска обврска за секој возач, да управува со технички исправно возило.

    Возете одговорно за да пристигнете безбедно до вашата посакувана дестинација!

    И не заборавајте да ги исклучите светлата за магла кога ќе излезете од зоната на магла затоа што на тој начин ја  загрозувате  безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и за сторениот прекршок според ЗБСП  следува глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка или на возачот  ќе му се регистрираат 20 негативни бода во возачката книшка.

    РСБСП ви посакува среќен пат.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Кратки, но важни совети за возачите. Бидете подготвени за снегот!
    Следна Објава:
    Едукативен автобус – СОС Детско село
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS