Напредни технологии за побезбеден сообраќај – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Напредни технологии за побезбеден сообраќај

    1. Насловна
    2. РСБСП
    10 октомври 2016

    Зголемена примена на науката и современите технилогии во системот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата е една од клучните цели на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во таа насока,  денес на иницијатива на РСБСП, а во соработка со Министерството за внатрешни работи и амбасадата на Република Словачка во Центарот за обука на МВР беше презентиран новиот систем на т.н. “Паметни полициски возила”.  Проектот треба сериозно да ја зајакне работата на МВР, да ја олесни работата на полициските службеници, да ги зајакне правата на граѓаните пред полицајците и да влијае на намалување на корупцијата.

    На презентацијата присустваа Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи д-р Оливер Андонов, Амбасадарот на Словачка во Македонија Н.Е.  Мартин Безак и Претседателот на РСБСП М-р Стојче Стаменковски.  

    Во рамки на настанот,  претставници од словенечката компанија  „ Mosy – intelligent public safety“  пред  припадниците на Министерството за внатрешни работи практично  презентираа две возила на словачката полиција со вградени софтвери за идентификација на возилата и  идентификација на сообраќајните прекршоци. Софтверскиот систем кој беше презентиран, всушност овозможува директна конекција на полициското возило и полицискиот службеник  со базата на податоци од Министерството за внатрешни работи и  идентификација на возилата, возачите и сите останати податоци кои се поврзани со возилото и возачот.

    По презентацијата присутните ја изразија својата подготвеност заеднички да реализираат пилот проект  преку кои ќе бидат донирани две возила со вградени софтверски решенија кои ќе овозможат идентификација на возилата учесници во сообраќајот, препознавање на осигураните и регистрирани возила и одвојување на неосигураните и нерегистрирани возила како и идентификација на сообраќајните прекршоци и нивните сторители. Целта на овој тримесечен пилот проект е всушност директно да бидат утврдени можностите за имплементација  на напредни технологии во  работата на полицијата во Република Македонија и согледување на неговите позитивни и негативни страни и неговиот допринос во насока на намалување на криминалното и девијантното однесување на патиштата во Република Македонија.

    Досега ваков или сличен проект е реализиран во неколку европски земји и истиот сериозно влијаел на подобрување на ефикасноста на полициските службеници преку скратување на времето за полициски контроли, намалување на бројот на украдени возила,  намалување на стапката на корупција и креирање на база со сериозни и важни податоци. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Избрани добитниците од наградниот натпревар “Македонија се сака на точак”
    Следна Објава:
    Што е важно за безбедноста на децата во сообраќајот?
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS