Втор дел панел дискусии – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Втор дел панел дискусии

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    1 октомври 2016

    Вториот дел од панел дискусиите го отвори м-р Стелиос Ефстахиадис кој во своето излагање говореше за Иницијативите на институтот за безбедност на патиштата „ПАНОС МИЛИНАС“ за промовирање на безбедноста на патиштата во Грција и светот.  Овој институт постои 11 години и континуирано работи на превенција од несреќи и за поголема безбедност на патиштата. Трите главни активности кои ги спроведува овој институт се основните начела за безбедност во сообраќајот, однесувањето на возачите на патиштата и подобрување на инфраструктурата. Институтот е членка на голем број организации кои делуваат на светско ниво и работат на подобрување на состојбата на патиштата, сѐ со цел намалување на жртвите. Во спроведувањето на активностите, тие често користат симулатори кои би ја доближиле вистинската слика до граѓаните и како сето тоа би изгледало доколку се однесуваат несовесно во сообраќајот, на пример симулатор за управување возило, „пијани наочари“, превртување на возилото и уште многу други. Тој понатаму посочува дека едукативните програми се многу важни за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, нивниот институт спроведува повеќе програми во кои спаѓаат едукативни предавања за децата од најмала возраст, како родителите да ги учат своите деца да возат безбедно велосипед, предавања и презентации за тинејџерите и како тие правилно и совесно да се однесуваат во сообраќајот.

    По него следеше д-р Татјана Баевска Вучковиќ која истакна дека здравството е значаен сегмент во справување, но и во преземање превентивни активности за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и затоа службата за Итна медицинска помош во Скопје, но и низ Македонија работи по протокол на Министерството за здравство и по протокол кој наложува тријажа и навремено укажување помош на настрадано лице. Според  протоколот на МЗ постојат различни картони за тријажни категории или клинички приоритети: црвен, жолт, зелен и за жал црн картон кој покажува дека лицето настрадано во сообраќајна незгода не дава знаци на живот. Како главна причина за смрт и траен инвалидидет е повреда (траума), која најчесто е проследена и со фрактури и повреди на меките ткива. Животна закана претставуваат и видот на повредите и големата загуба крв и затоа навремената реакција на медицинско лице е многу важна за да се спаси човечки живот. По нејзиното излагање, проф. Д-р Камиловски постави прашање дали службата на Итна медицинска помош во Македонија планира да воведе специјални комбиња за сообраќајни незгоди и пара-медицинар кои ќе реагираат во случај на сообраќајна незгода? На прашањето, д-р Вучковиќ одговори дека медицинските тимови кои работат во Итната медицинска помош ги следат состојбите и организацијата на службите во Европа и според нивната агенда на активности, тимови од медицински лица ќе посетуваат обука во Република Словачка во траење од три години и со тоа ќе се приклучат кон трендот на воведување новини во медицинските служби кои се справуваат со сообраќајни незгоди.

    За крај на вториот дел од панел дискусиите Проф. Д-р Марко Ренцељ од Република Словенија даде целосен осврт на решенијата кои ги преземаат во Република Словенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот, односно за намалување на проблемите кои се поврзани со сообраќајот и соочување со нив на подолг рок. За таа цел произлегла визија за самообјаснувачки патишта и патишта кои простуваат грешки. Самообјаснувачките патишта се патишта кои според дизајнот го подобруваат однесувањето на учесниците во сообраќајот, а намалувањето на незгоди на возачи кои би излетале од патот, е целта на патиштата кои простуваат грешки. Според професорот јасните зони без пречки, модифицирањето на елементите покрај патот и заштитата на патот и околу патот, преку посебни столбови и заштитни знаци, како и цврстата политичка и општествена согласност се главниот предуслов за намалување на ризикот од сообраќајни незгоди и жртви. Сепак, според него, доколку сакаме да произлезе нешто добро од сите овие визии, потребна е цврста политичка и општествена согласност, прашање за кое е потребно време и размислување за промена и примена на овие нови дизајни на патишта.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Продолжуваат панел дискусиите на вториот ден од Првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата
    Следна Објава:
    Последен дел од плодните панел дискусии на Првата меѓународна конференција
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS