Третиот дел од панел дискусијата ја отвори проф. Д-р Верица Данчевска од Техничкиот факултет во Битола, која ја презентираше програмата 39001 – Нов стандард за управување со безбедноста во патниот сообраќај. Таа своето излагање го започна така што истакна дека задоволството да учествува на Конференцијата е преку презентацијата која ќе ја видат присутните. Данчевска ја започна презентацијата со тоа дека безбедноста на патниот сообраќај е основа на секое општество, а особено внимание треба да се обрне на ранливите категории, како и на децата од предучилишна возраст. Потоа, следеше презентација на Иницијативата за Визија 0 – ниедна сообраќајна незгода која ја започна Шведска уште во 1997 година и чиј капацитет е разработен и постојано е работи за стигнување од бројката 0 жртви во сообраќајот. За безбеден патен сообраќај постојат многу фактори кои треба да се исполнат, како патна инфраструктура, користење на соодветнипатни правци, прилагодување на брзината со условите на патот, опрема за безбедно управување, физичка спсобност, како и планирање на патување. Во понатамошниот дел од презентацијата се говори дека сообраќајот е неминовен во современиот начин на живот, а сообраќајните незгоди се најголемото зло на современото општество. На крајот од презентацијата, Данчевска потенцираше дека Македонија нема финансии како развиените земји за константно вложување за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај, но дека со постојана едукација и со финансиите кои ги имаме состојбата може да се подобри.
Дискусијата ја продолжи д-р Јовица Васиљевиќ кој состојбата за безбедноста на патиштата во Република Србија ја прикажа преку преглед на индикаторите кои влијаат врз безбедносните перформанси. Д-р Васиљевиќ преку статистички приказ, односно врз основа на бројки и факти ја долови ситуацијата на патиштата во Република Србија, односно целосната слика која ги прикажува проблемите со кои се соочуваат сите земји во регионов. Како најголем проблем се јавува непочитувањето на брзината на патиштата и управување на возилото под дејство на алкохол. Во однос на статистиката, професорот забележа дека процентот на млади меѓу 15 и 30 години кои страдаат во сообраќајни незгоди е значително намален, односно за 15%, додека ранлива категорија која најмногу страда во сообраќајнинезгоди се децата, од кои 71% од нив страдаат како патници, а 29% како пешаци.
Последен во работниот дел од Конференцијата со свое излагање се претстави проф. Д-р Нољ Дедај кој говореше за влијанието на елементите и состојбата на возилата во сообраќајна несреќа и превентивни мерки за нејзино спречување. Тој истакна дека основни елементи кои се предуслов за предизвикување на сообраќајна незгода се човечкиот фактор, патната инфраструктура, исправноста на возилото (системот за кочење, стари или нови гуми), густина на сообраќајот и инцидентни фактори. Сите овие елементи треба да се земат во предвид бидејќи влијаат на вкупната статистика на случени сообраќајни незгоди во Република Косово, а на институционално ниво потребно е да се работи за нивно спречување.
Со последната панел дискусија на проф. д-р Нољ Дедај заврши Првата меѓународна конференција за безбедност на патниот сообраќа во Југоисточна европа, насловена „Управување со безбедноста на патниот сообраќа во Југоисточна европа – предизвици и насоки за дејствување“