РСБСП апелира: Вози одговорно за време на празниците – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП апелира: Вози одговорно за време на празниците

    1. Насловна
    2. Активности
    29 декември 2015

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во пресрет на претстојните празници апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Посебно апелира до младите возачи да ги почитуваат правилата и прописите кои се однесуваат на неуправување на моторно возило под дејство на алкохол и почитување на правилата за ограничување на брзината. Статистичките податоци покажуваат дека брзото возење и алкохолот се доминантна причина за сообраќајни незгоди со фатални последици, во кои учесници се токму младите. 

    „Затоа, уште еднаш апелираме за совесно учество во сообраќајот. Да не дозволиме момент на невнимание, момент на непромисленост и момент на деконцентрација или еуфорија да предизвикаат последици за кои ќе се каеме целиот свој живот. Да не дозволиме овие прекрасни новогодишни празници да се претворат во нечија семејна трагедија. Исто така, апелираме до оние кои немаат вистинска потреба од него, за време на новогодишните празнувања, да не го користат сопственото возило. До оние, пак, кои се одлучиле да патуваат на подалечна дестинација, апелираме задолжително да користат зимска опрема, да ја проверат техничката исправност на возилото и особено да внимаваат на мостови, надвозници, подвозници, пред влез и излез на тунел, остри кривини и останати осојни места, поради веројатноста од појава на голомразица, која значително може да го загрози безбедното одвивање на сообраќајот. Оние кои патуваат во планинските предели и низ клисурите, треба особено да внимаваат на опасноста од појава на одрони на патиштата“, истакна секретарот на РСБСП, Ристо Манчев.

    Во 2015 година, заклучно со денешниот ден,144 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, додека во 2014 година 130 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Бројките говорат дека има одредено зголемување. Ако го земеме в предвид фактот дека во 2013 година,198 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, како и фактот дека во просек во Република Македонија 160-170 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, може да се констатира дека, во последните две години постои одреден напредок во намалување на сообраќајните незгоди.

    „Тоа не значи дека овие бројки ги оценуваме како добри, напротив наша цел е до 2020 година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди да се намали под 100, што воедно е европски просек гледан низ призмата на Македонија. Во тој поглед, важно е да се истакне дека, Република Македонија има помалку загинати лица во сообраќајни незгоди на 100 000 жители од сите земји во нашето окружување, со исклучок на Словенија“, изјавуваат од РСБСП.

    Она што е карактеристично, а се однесува на настраданите лица во сообраќајни незгоди е поврзано со анализите на РСБСП кои покажуваат дека најзагрозена група учесници во сообраќајот се пешаците. Во 2015 година според анализите на РСБСП, 43 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Исто така, за жал, во пораст е и бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди. Податоците покажуваат дека во 2015 година, 9 деца на возраст до 4 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, односно 13 деца на возраст од 5 до 18 години.

    Се надеваме дека со повисоко ниво на јавна свест, со повисоко ниво на лична одговорност на секој учесник во сообраќајот и со засилени активности на сите надлежни институции, 2016 година ќе биде многу поуспешна, со минимален број лица  кои настрадале на патиштата во Република Македонија.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува среќни и безбедни празници.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Ниту една добра кампања не може да се спореди со ден кој ќе заврши без сообраќајка!- интервју на Претседателот на РСБСП м-р Стојче Стаменковски за Вечер
    Следна Објава:
    РСБСП ви посакува среќни и безбедни празници!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS