Кампања „ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампања „ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“

    1. Насловна
    2. Активности
    19 март 2024

    Потребата за паркинг места е сѐ поистакната заради континуираниот пораст на бројот на моторни возила во РСМС, зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност (пешачење, возење велосипед и сл.).

    Кога паркирањето не е регулирано, може да предизвика низа неповолности за возачите, како на пример:

    • зголемен стрес кај возачите,
    • продолжено време за пристигнување на посакуваната дестинација,
    • зголемени трошоци,
    • нарушување на просторот наменет за пешаци,
    • узурпирање на зелени површини,
    • запирање и паркирање на места наменети за инвалидизирани лица,
    • повреди на законските регулативи,
    • можни казни за возачите и сл.

    Заради унапредување на состојбата со паркирањето и зголемување на безбедноста на сообраќајот, РСБСП повикува:

    • паркирајте го возилото на места означени за тоа,
    • не користете мобилен телефон додека паркирате,
    • во паркинг просторот возете забавено и внимавајте на другите возила и пешаците,
    • внимавајте на сообраќајните знаци кои се однесуваат на паркирањето,
    • не паркирајте на места обележани за паркирање на возила на лица со попреченост,
    • не паркирајте преку обележаните ленти за паркирање – почитувајте го просторот за секое возило, и др.

    РСБСП упатува апел: ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО заради унапредување на вашата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот на патиштата.

    " Активности, Паркирање, РСБСП
    Претходна Објава:
    ЧЕСТИТ 8 МАРТ – Биди горда што возиш безбедно!
    Следна Објава:
    Реализирана кампања за 8 Март
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со нова кампања ја започнува „Недела на пешаците“ и побезбеден сообраќај за пешаците
    • РСБСП и Мото клуб „Вепар“ од Скопје со Меморандум за соработка кон побезбеден сообраќај
    • РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS