ЧЕСТИТ 8 МАРТ – Биди горда што возиш безбедно! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ЧЕСТИТ 8 МАРТ – Биди горда што возиш безбедно!

    1. Насловна
    2. Активности
    8 март 2024

    Жените се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата, и како пешаци и како возачи. Повеќе истражувања укажуваат дека тие имаат одлични компетенции за управување со моторно возило, дека возат внимателно, паркираат совесно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а се истакнуваат и со способноста за планирање на патувањата земајќи предвид бројни околности што можат да влијаат врз безбедното возење.Но, и покрај бројните примери за жени кои се успешни во сите сфери на општественото живеење, дел од жените-возачи се чувствуваат несигурни во сообраќајот. Ова пред сѐ се однесува на ситуации во врска со одржувањето на возилото во исправна состојба, несакани дефекти за време на возењето, личната безбедност и сл.Според податоците од статистиката, жените возат одговорно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, па оттаму не зачудува податокот дека тие поретко предизвикуваат сообраќајни незгоди. Интересно е и тоа што жените-возачи поретко практикуваат брзо возење, нагло забрзување или возење под дејство на алкохол. Сепак, и покрај ова, статистиката покажува дека значително е поголема веројатноста жените да бидат повредени во сообраќајни незгоди. Затоа РСБСП повикува на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а во пресрет на празникот 8 Март на жените-возачи им препорачува:

    • да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,
    • да се грижат за сите учесници во сообраќајот,
    • почесто да ја проверуваат исправноста на возилото,
    • да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.

     

    Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска со апел:

    Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски. Покажете дека сте успешни во семејството, на работно место и во сообраќајот на патиштата. Честит 8 Март!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
    Следна Објава:
    Кампања „ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS