18 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    18 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди!

    1. Насловна
    2. Активности
    18 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди!
    18 ноември 2018

    Патиштата имаат свои приказни. За среќен крај, да ја подобриме безбедноста на патиштата.

    Смрт и крв на патиштата! Сообраќајни незгоди, загубени човечки животи, голем број настрадани лица со трајни телесни повреди, уништени семејства, огромни материјални загуби. Тоа е едната, онаа болна и црна страна на патиштата ширум светот, за која сите ние секојдневно сведочиме. 

    Според податоците на СЗО, годишно, во сообраќајни незгоди животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2% од глобалната смртност. Овие податоци покажуваат дека над 3.500 лица дневно умираат како последица на сообраќајни незгоди, а околу 140.000 лица се повредени. Од нив, дури 15.000 лица се здобиваат со трајни последици – траен инвалидитет. 

    Црната статистика, во светски рамки, покажува дека годишно околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно околу 1100 лица, секој ден.

    Според СЗО, сообраќајните незгоди претставуваат трета причина за смртност кај децата на возраст од 5 до 9 години, втора причина за смртност кај децата на возраст од 10 до 14 години и кај младите на возраст од 20 до 24 години, а прва причина за смртност кај децата на возраст од 15 до 19 години.

    Во Република Македонија, на годишно ниво, околу 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а повеќе од 6000 лица се повредени.

    Бројките се навистина  загрижувачки, но не станува збор само за бројки, туку за човечки животи и семејни судбини. Патиштата сѐ повеќе наликуваат на бојно поле каде се случуваат трагедии без крај, се пролева многу крв и се испишуваат тажни семејни приказни…

    Многумина би рекле: „да имаат патиштата душа и да може да зборуваат имаат многу да кажат и многу да нѐ научат. Ни најастрашните сцени од хорор филмовите не можат ни приближно да ја доловаат таа страшна, но вистинска слика што секој ден се режира на патиштата ширум светот.

    Се поставува прашањето, дали таа слика можеме барем за миг делумно да ја промениме?

    Се разбира дека можеме, и мораме. И не само за миг, и не само делумно, туку целосно и трајно.

    Не можеме и не смееме да го прифатиме фактот дека сообраќајните незгоди се само нечија судбина која не сме во можност да ја смениме. Не смееме да се доведеме во ситуација да се плашиме да чекориме по улиците, да се плашиме дали безбедно ќе пристигнеме во својот дом, да стравуваме дали нашите деца безбедно ќе стигнат до училиште, дали безбедно ќе ја преминат улицата… да  стравуваме од секој нов ден и од она што тој ќе ни го донесе.  

    Свесни за сериозноста на предизвикот кој многумина го нарекуваат „чума на 21 век“, Обединетите Нации ја прогласија декадата 2010-2020 како декада за безбедност во сообраќајот на патиштата, а третата недела од месец ноември ја прогласија за недела на „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“.  

    По повод „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“, 18 ноември,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите надлежни институции да ја издигнат безбедноста на сообраќајот на патиштата на врвот на агендата на дејствување, но исто така, апелира до секој поединец – учесник во сообраќајот, да покаже повисоко ниво на свест и одговорност во сообраќајот.

    Црната слика на патиштата можеме да ја промениме само ако секој поединец, учесник во сообраќајот, го даде својот личен придонес за побезбеден сообраќај.

    Покрај онаа црната и морбидна страна, животот има и една друга убава страна покриена со љубов, насмевки и среќа. Покрај црната слика, патиштата имаат и една друга многу поубава: патувања исполнети со радост,  доживувања и спомени.

    Животот е патување кое треба да го исполниме со лубов и весела содржина. Да го направиме секое патување вистинско доживување. Да ја смениме приказната на патиштата со среќен крај.

    Од нас зависи! Вози одговорно! Почитувај ја сообраќајната сигнализација, почитувај ги сообраќајните правила и прописи, почитувај го животот!

    За среќен крај на секое патување 😉  

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со потсетување до возачите: На 15 ноември започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
    Следна Објава:
    Без изговори! Правилата во сообраќајот важат и за мотоциклистите
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS