„Животот е полн со бои само кога е безбеден“ – нова едукативна активност на РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Животот е полн со бои само кога е безбеден“ – нова едукативна активност на РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ

    1. Насловна
    2. Кампањи
    17 август 2017

    „Животот е полн со бои само кога е безбеден“ е насловот на новата едукативна активност која започнува да се реализира од денес, а е резултат на соработка меѓу Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и компанијата „ЛУКОИЛ Македонија“.

    Во рамки на оваа активност, на сите бензински пумпи на „ЛУКОИЛ Македонија“, ќе бидат поставени  едукативни боенки кои родителите ќе можат да ги подигнат за своите дечиња, а секоја од нив ќе пренесува одредена порака за безбедноста во сообраќајот. Боенката треба да биде обоена од страна на дечињата, а понатаму тие да им ја дадат на своите родители, со што се постигнуваат два важни ефекти – едукација на најмладите и подигнување на свеста кај родителите.  

    „Летото е период на почести семејни патувања и за жал во голем број од сообраќајните незгоди учествуваат цели семејства. Целта на кампањата е прво да ги едуцираме најмладите за безбедно учество во сообраќајот, а понатаму преку нивната едукација тие да влијаат врз родителите – поодговорно и посовесно да учествуваат во сообраќајот.  Освен тоа, оваа активност се реализира во пресрет на почетокот на новата учебна година што дополнително дава тежина и важност на самиот проект“ – истакнуваат од РСБСП.

    Едукативната активност ќе се реализира во текот на месеците август и септември, а има цел подигнување на сообраќајната едукација и култура кај најмладите учесници во сообраќајот. Пораката е јасна – подигнување на сообраќајната култура и свест и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив, особено во летниот период.

    „Едукацијата на децата е важен процес во целиот систем на сообраќајна превенција, а особено кога таа е насочена кон подигнување на свеста на родителите. Искуството покажува дека родителите се посебно внимателни и чувствителни кога нивните дечиња им пренесуваат некоја важна порака или сугестија и токму затоа се надеваме дека оваа активност ќе даде резултати“ – додаваат од РСБСП.

    Ова е почеток на соработката меѓу РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија“ која и понатаму ќе продолжи со реализација на различни превентивни и едукативни активности. Но, истовремено и поттик и покана за другите општествено одговорни компании, да дадат свој придонес во подигнување на сообраќајната култура и свест.

    " Активности, Кампањи, РСБСП
    Претходна Објава:
    Максимално дозволени количини на алкохол во крвта
    Следна Објава:
    Почитувајте ја сообраќајната сигнализација, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патувајте безбеднo
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    РСБСП со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртвите во сообраќајот“

    РСБСП дел од „III Македонски конгрес за патишта – 2025“

    Последни објави од РСБСП

    • Како правилно да поставите синџири за снег?
    • Интервју на претседателот Ангеловски за НМ: „Со одговорно однесување и континуирана едукација до побезбедни патишта“
    • РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS