Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!- е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!- е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март

    1. Насловна
    2. Активности
    Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!- е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март
    8 март 2021

    И покрај тоа што сеуште постојат одредени стереотипи за улогата на жената во општеството сепак евидентен е фактот дека жените денес се рамноправни  во сите сфери на општественото живеење.

    Кога станува збор за сообраќајот, факт е дека жените денес се активни учесници во патниот сообраќај и тоа не само како пешаци и велосипедисти, туку и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%.

    Динамиката на живеење и секојдневните  и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја наметнуваат потребата жените да бидат активни во сообраќајот и како возачи.

    Учесниците во сообраќајот, особено возачите можеме да ги поделиме на безбедни и небезбедни, на совесни и несовесни и секоја поделба на возачите на женски и машки е несоодветна, и истата може да се прави само  за научни и статистички цели.Иако можеби за многумина,  на прв поглед,  жените изгледаат не толку вешти возачи,   истражувањата покажуваат дека  жените се безбедни возачи. Истражувањата всушност покажуваат  дека брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот не е својствено за жените, дека жените помалку возат под дејство на алкохол, не поминуваат на црвено на семафор, не возат без возачка дозвола, жените повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и повеќе ги почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.  

    Согласно наведеното, ако почитувањето на сообраќајните правила и прописи е женско возење, ако почитувањето на ограничувањто на брзината е женско возење, ако почитувањето на пешаците е женско возење, ако дефанзивното возење е женско возење, тогаш ајде сите да возиме на  женски начин,  затоа што така е побезбедно и посигурно.

    Статистиката покажува дека мажите трипати повеќе страдаат во сообраќајни незгоди од жените. Според Светската здравствена организација, околу  77% од сообраќајните незгоди со фатални последици се предизвикани од возачи мажи.

    По повод денот на жената,  8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР  организира превентивно едукативни активности  со цел подигање на свеста  против стереотипите за жените како лоши возачи.  Согласно тоа, на  7 и 8 март во повеќе градови се организираат  акции за дистрибуција на цвеќе за жените возачи и дистрибуција на брендирани заштитни маски за лице, флаери, миризливи освежувачи за во автомобил и други едукативни материјали.

    Активностите  се одвиваат под мотото: Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!                         

    ЧЕСТИТ  „8- ми МАРТ“     

    # ВОЗИОДГОВОРНО!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Средба Спасовски-Кожуваровска: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај
    Следна Објава:
    „СТАВИ ПОЈАС“ – Кампања на МВР и РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS