За безбедно патување и весели празници. Стоп за алкохолот и брзото возење! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    За безбедно патување и весели празници. Стоп за алкохолот и брзото возење!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    За безбедно патување и весели празници. Стоп за алкохолот и брзото возење!
    29 април 2016

    Анализите и статистичките податоци од почетокот на годината покажуваат дека во изминативе 4 месеци вкупно 41 лице го загубиле животот во сообраќајни незгоди. За време на викендите и продолжените празници за жал  се случуваат најмногу сообраќајни незгоди  со фатални последици.

    Затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, по повод предстојните празници,  апелира до учесниците во сообраќајот на совесно и одговорно однесување.

    Соодветната подготовка за патувањето, проверката на возилото, совесно, одговорно и дисциплинирано однесување и почитување на правилата и проописите во сообраќајот  од страна на сите учесници е единствена гаранција за безбеден сообраќај.

     

    Затоа РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот:

     

    • Пред тргнување на пат, задолжително   проверете ја  техничката исправност на возилото, информирајте се добро за состојбата на делницата по која ќе патувате, обратете особено внимание на делниците на патиштата на кои се одвиваат градежни работи и бидете стрпливи на граничните премини и патарините.

     

    • Управувањето на моторно возило со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол  сигурно ќе има несакани последици: во најдобар случај  парична казна и времено одземање на возачката дозвола,  во најлош случај може да ве чини живот или телесен инвалидитет.

     

    • Зголемената фреквенција на сообраќај за време на празниците бара посебно внимание, концентрација и посветеност додека возите, затоа мобилните телефони и останатите уреди кои го одвлекуваат вниманието задолжително оставете ги на страна  и секогаш користете безбедносен појас и детско седиште.

     

    • Почетокот на новата сезона  е посебен предизвик за мотоциклистите. Покрај техничката проверка на моторот,  важно е да се повторат сообраќајните правила и прописи,  а особено  правилата за  ограничување на брзината и обврската за  задолжителна употреба на  кацига  како за возачите така и за совозачите.

     

    • Пешаците и велосипедистите, како најранливи учесници во сообраќајот, да  бидат внимателни, совесно да се однесуваат во сообраќајот и целосно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи  кои се однесуваат на нив како учесници во сообраќајот. Посебно важно е да се користи опрема за пасивна безбедност и светла облека  или рефлектирачко елече  во ноќни услови и во услови на намалена видливост.

     

    РСБСП Ви ги честита празниците и Ви посакува среќен пат. Возете одговорно.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Совети за безбедно учество на велосипедистите во сообраќајот
    Следна Објава:
    Едукативен автобус – ОУ “Тихомир Милошески”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS