РСБСП учествуваше на XII-от Меѓународен симпозиум „Интердисциплинарност на логистиката и сообраќајот“ кој се одржа од 29 септември до 1 октомври 2022 година во Белград, Република Србија, а во организација на Заедницата на сообраќајни школи и Заводот за унапредување на образованието и воспитанието на Република Србија. м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, презентираше труд на тема „Сообраќајно планирање – потреба за повеќе вело патеки“. На симпозиумот учествуваа стручњаци од Србија, РС Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора, кои презентираа проекти од областа на безбедноста во сообраќајот, заштитата на животната средина, транспортот и логистиката, сообраќајното планирање, интелигентните транспортни системи, образовните системи и др.