„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    „Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“
    27 февруари 2019

    8 Март е меѓународен ден на жената, светски празник што секоја година ја обележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Денес жената е рамноправна со мажите на многу полиња на делување, дури и поделбата на машки и женски работи е сведена на минимум, или воопшто ја нема.

    Кога станува збор за сообраќајот, жената е рамноправен учесник во него како возач, мотоциклист, велосипедист, пешак, а бројот на професионални жени-возачи, секојдневно се зголемува. Според статистичките податоци пак, жените се побезбедни учесници во сообраќајот од мажите, помалку прават грешки со фатални последици и помалку страдаат во сообраќајни незгоди.

    Затоа, слободно можеме да кажеме дека, учеството на жената во сообраќајот во улога на дежурен едукатор (родител, сопруга, сестра, другарка…) кој неизмерно се грижи за своите најблиски, е најважната улога со која активно и рамноправно учествува во сообраќајот.

    „Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“, „Стави појас да не те мислам!“, „Вози полека и чувај се!“, „Немој да пиеш, не заборавај дека возиш!“, „Немој да зборуваш на телефон кога возиш!“

    Овие реченици добро ни се познати на сите. Сме ги слушале на секое излегување од дома, сме ги кажале на нашите блиски кога излегувале од дома. Грижата за здравјето и животот на најблиските, грижата за безбедноста, пружањето љубов и внимание, сепак остануваат примарна улога на секоја жена. Да внимаваме во сообраќајот толку – колку што таа се грижи за нас, многу нешта би биле поинакви кога станува збор за безбедноста во сообраќајот.  

    Во чест на сите жени, а по повод празникот 8 Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата најавува нова кампања посветена на жените и улогата на жената за безбедноста во сообраќајот.

    Во склоп на кампањата ќе бидат реализирани едукативни настани за едукација на жените возачи, активности за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси, едукативни активности за поголема и правилна употреба на детските седишта во автомобилот, оспособување на жените правилно да ги советуваат децата во сообраќајот и др. Кампањата ќе опфати и активности за подигање на свеста за почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот. 

    Кампањата ќе биде поддржана од јавни личности, ќе бидат организирани јавни настани во Скопје Сити мол и на плоштадот Македонија. Активности се предвидени и во образовните институции, на електронските и на социјалните медиуми, предвидени се отворени дискусии, предавања и сл.

    Целта на кампањата е да се сврти вниманието на јавноста, да се почитува мислата, зборот и советот на жената: „Чувај се себе и чувај ги другите учесници во сообраќајот! Биди одговорен и внимателен возач, почитувај ги сообраќајните правила и прописи. Секогаш и секаде!“

    РСБСП на сите припаднички на понежниот пол им го честита празникот 8 Март, со апел да не престануваат да се борат за својата рамноправност, но и да не престануваат да се „борат“ за доброто на своите најмили, коригирајќи ги нивните постапки и давајќи им личен пример за повисока сообраќајна култура и побезбеден сообраќај.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Во сообраќајот нема место за неисправни и нерегистрирани возила!
    Следна Објава:
    Неколку практични совети за трудници – возачи
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS