Возете внимателно за време на велигденските празници – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Возете внимателно за време на велигденските празници

    1. Насловна
    2. Активности
    Возете внимателно за време на велигденските празници
    5 април 2018

    Велигденските празници и продолжениот викенд се на прагот. Тие претставуваат добра можност да се отпатува на некоја блиска туристичка дестинација, на планина, на езеро, кај пријатели или роднини.  

    Продолжениот викенд и празничните денови значат и погуст сообраќај, зголемен интензитет и фрекфенција на патиштата, а тоа влијае за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди од кои некои и со фатални последици. Водејќи се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира на внимателно возење,  дисциплинирано и смирено учество во сообраќајот.Патувањата се најинтересни кога се договараат спонтано, но времето и начинот на договарање не треба да бидат причина да тргнете на пат неподготвени. Затоа, најпрво потребен е добар одмор на возачот, техничка проверка на возилото, проверка на притисокот на гумите, проверка на бришачите, на светлата, на маслото во моторот, а исто така, посебно важно е да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено правилата за ограничување на брзината, правилата за неуправување моторно возило под дејство на алкохол и прописите за правилно престигнување.

    Оние кои патуваат на поблиските туристички места најчесто ги користат локалните и регионалните патишта и треба да имаат предвид дека освен возила, на овие патишта за време на празниците има голема фрекфенција на пешаци, велосипедисти и на мотоциклисти. РСБСП потсетува, бидете особено внимателни, прилагодете ја брзината кон условите на патот и бидете максимално концентрирани за време на управувањето со моторното возило.

    Алкохол е една од водечките причини за сообраќајни незгоди, особено во период на продолжени викенди и празници. Затоа, РСБСП уште еднаш потсетува на правилото дека: волан и алкохол се комбинација која може да заврши со фатални последици и смрт.

    Младите возачи и возачите почетници најмногу страдаат во сообраќајни незгоди за време на продолжен викенд, а најчеста причина за тоа е брзото возење и возењето под дејство на алкохол. Честопати, во вакви ситуации, станува збор за сообраќајни незгоди со само еден учесник (излетување на возилото од патот, удар во бетонски столб итн). Во оваа насока, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ги советува  младите возачи: сообраќајот не е место за импровизации и компромиси, сообраќајот не простува грешки и секоја непромислена одлука или непромислена реакција може да резултира со фатални, долгорочни и ненадоместливи последици.

    РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да ги разбудат позитивните навики и да бидат позитивен пример за останатите учесници во сообраќајот. Истовремено, потсетува дека, почитувањето на сообраќајните прописи е најважното правило во сообраќајот. Не дозволувајте моментите за празнување да се претворат во трагедија!

     

    Христос воскресе и честит Велигден!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Нова кампања на РСБСП – „Разбуди ги позитивните навики во сообраќајот!“
    Следна Објава:
    Добри сообраќајни навики кои ве прават безбеден возач
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS