Вие сте тука

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО ЗА ПРАЗНИКОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО

Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.  За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј среќни моменти исполнети со многу љубов.Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Затоа РСБСП упатува апел:

        •     ако пиеш - не вози, ако возиш - немој да пиеш,

        •     ако пиеш - користи такси превоз или јавен превоз,

        •     за тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните

                  правила   и   прописи,

        •     вози внимателно и грижи се за сите учесници во сообраќајот,

       •      сподели среќа и радост со најблиските и

       •      вози со СРЦЕ!РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита празникот на љубовта и виното и им советува доколку за време на празнувањето одлучат да управуваат со моторно возило, да бидат особено внимателни и да возат совесно.

 

                                                                             Честит Св. Валентин и Св. Трифун!

                                                          Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата.

                                                         Споделете љубов и покажете одговорно однесување.

                                                                                  Возете безбедно!

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот