Возете одговорно за безбедни празници! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Возете одговорно за безбедни празници!

    1. Насловна
    2. Активности
    Возете одговорно за безбедни празници!
    24 декември 2022

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Министерството за внатрешни работи  во Охрид реализираа активности од зимската и новогодишната кампања и делеа едукативен материјал за да ги потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема, како и да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници и особено, да не седнуваат зад воланот доколку пиеле алкохол.. „Новогодишните празници се карактеризираат со поголема раздвиженост на луѓето, празнично расположение и поголема густина во сообраќајот, но не смеат да се запостават ни ниските температури и лизгавите коловози.Затоа, РСБСП на возачите им препорачува: да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не користат мобилен телефон додека возат, задолжително да користат сигурносен појас, да направат зимска проверка на возилото, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото и сл. Возете одговорно за среќна и безбедна 2023 година“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.

    Помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски потенцира дека доколку некој пиел алкохол никако не смее да управува возило. „Особено сега во деновите кога се организираат бројни забави, како и за време на новогодишната прослава сите треба да бидеме одговорни за да имаме безбеден сообраќај. Доколку пиете, никако не возете, затоа што тоа може да биде кобно за вас, но и за другите учесници во сообраќајот. Покрај овие апели кои што секојдневно ги упатуваме, веќе на улиците и патиштата може да ги забележите засилените контроли од страна на полицијата, со цел да се санкционираат оние кои со непочитувањето на правилата ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот. Мораме сите заеднички да придонесеме за да имаме безбедни и среќни празници“, рече Ангеловски.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РАБОТНА СРЕДБА НА РСБСП И АВП ВО ЉУБЉАНА
    Следна Објава:
    НЕ УПРАВУВАЈТЕ ВОЗИЛО ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS