Управување моторно возило под одвлечено внимание, ризик-фактор што ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Управување моторно возило под одвлечено внимание, ризик-фактор што ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    Управување моторно возило под одвлечено внимание, ризик-фактор што ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај
    6 февруари 2018

    Патниот сообраќај претставува извор на многу опасности од кои произлегуваат сериозни  последици – загубени човечки животи, голем број повредени лица, огромни материјални загуби. Во Република Македонија, годишно, околу 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 6000 лица се повредени во сообраќајни незгоди. На светско ниво, бројот на лица кои го губат животот во сообраќајни незгоди изнесува околу 1.3 милиони, а до 50 милиони секоја година се здобиваат со повреди од сообраќајни незгоди.

    Причините за сообраќајните незгоди се различни, но најчесто се сведуваат на еден заеднички чинител – грешка на возачот.

    Современиот начин на живот наметнува силна динамика, многубројни обврски и постојана трка со времето да се биде присутен секаде и во секое време. Возачите многупати се нервозни и нетрпеливи, не ги следат внимателно случувањата во сообраќајот, а како последица на нивната деконцентрираност и дефокусираност, прават грешки.

    Лошите навики и одвлеченото внимание кон друга секундарна активност за време на возењето, во науката се дефинира како „возење под одвлечено внимание“. 

    Одвлечено внимание претставува пренесување на вниманието од безбедно управување со возилото, кон некоја друга активност. Во ваква ситуација, вниманието на возачот е привремено поделено меѓу две задачи, примарна задача (возење) и секундарна задача што не е поврзана со возењето. Во втората категорија ги вклучуваме сите активности што се случуваат додека возачот управува со возилото и го пренасочуваат или намалуваат неговото внимание од сообраќајот и патот: разговор на мобилен телефон, пишување СМС или допишување на Вајбер, играње игри, фотографирање, јадење, пиење, козметичко средување, слушање премногу гласна музика, набљудување на околината и природата, гледање по билборди, реклами, користење запалка за цигара, пушење итн.

    Постојат четири типа одвлечено внимание:

    • ВИЗУЕЛНО (кога вниманието е одвлечено од патот поради работа која не е поврзана со управување со возилото – гледање билборди, пејзажи, архитектура, реклами)
    • МИСЛОВНО (кога возачот првенствено мисли на исходот од телефонскиот разговор, а не на ситуацијата во сообраќајот)
    • ФИЗИЧКО (возачот не управува со двете раце, туку се занимава со мобилниот или со едната рака бара станица на радиото, а со другата управува со воланот)
    • АУДИО (ѕвонењето на телефонот има толку силен звук што го покрива звукот на амбулантната сирена или возачот слуша премногу гласна музика).

    Во пракса, во поголем дел од ситуациите, одвлеченото внимание кај возачите е комбинација од  сите четири типа.  

    Одвлеченото внимание претставува закана за возачите, но истовремено и за сите учесници во сообраќајот, првенствено за пешаците. Токму затоа, РСБСП им препорачува и ги советува возачите, пешаците и останатите учесници во сообраќајот, секогаш да бидат концентрирани и внимателно да ги следат случувањата во сообраќајот. Моментот на одвлечено внимание може да биде кобен и да заврши со смртни последици или со тешки последици по здравјето на учесниците во сообраќајот.

    Во Република Македонија не постои прецизна статистика за тоа колкав процент од сообраќајните незгоди се случуваат поради одвлечено внимание кај возачите, но  во Австралија тој процент изнесува околу 11% од сообраќајните незгоди, а во САД околу 25% од сообраќајните незгоди.

    РСБСП со апел до учесниците во сообраќајот: Оставете ги мобилните телефони додека учествувате во сообраќајот, бидете внимателни, фокусирани и концентрирани, следете ги внимателно случувањата во сообраќајот, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и почитувајте ја сообраќајната сигнализација.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Измени во ЗБСП во однос на правото за стекнување на возачка дозвола од Б категорија за дете-возач
    Следна Објава:
    Зимски ден за одење на работа со велосипед
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS