Улиците и патиштата празни, црната хроника полна – РСБСП со апел за одговорно учество во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Улиците и патиштата празни, црната хроника полна – РСБСП со апел за одговорно учество во сообраќајот

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Улиците и патиштата празни, црната хроника полна – РСБСП со апел за одговорно учество во сообраќајот
    18 март 2020

    Имајќи ја во предвид сериозноста на потенцијалните последици, оправдано, целокупното внимание на јавноста во изминатите денови е свртено кон корона вирусот. Целокупниот општествен и институционелен капацитет во државата е насочен кон успешно и ефикасно справување со корона вирусот и во таа насока, во зависност од состојбата, континуирано се даваат препораки и се имплементираат мерки што во основа значат намалена општествена и деловна активност и пред се ограничено движење и ограничена мобилност.

    Како резултат на тоа значително е опаднат интензитетот и на моторизираниот и на немоторизираниот сообраќај. Во таква ситуација, логично, се создаваат услови за релаксирано, непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

    Но, фактите и статистиката покажуваат нешто друго.  За жал,  изминативе денови  црната статистика повторно е полна со голем број на сообраќајни незгоди и голем број на повредени и загинати лица во сообраќајни незгоди.

    Во изминатите 48 часа,  две млади лица на моторцикл го загубија животот во Кавадарци, повреден мотоциклист во  Скопје (Козле), превртена цистерна на автопатот Штип-Свети Николе,  автомобил превртен на кров во Скопје (Аеродром) , и многу други.

    Да бидат парадоксот и бесмислата уште поголеми, одредени медиуми пишуваат за организација на ноќни трки во Тетово.

    Во ситуација кога СЗО прогласи пандемија, во ситуација во  која секојдневно на светско ниво стигаат информации за нови заразени и починати лица  поради таканаречениот корона вирус, во ситуација кога капацитетите на МВР и на здравствените институции се максимално мобилизирани да се спречи понатамошното  ширење на вирусот, во ситуација кога пред сите надлежни институции, и пред сите нас како граѓани, е исправен еден сериозен предизвик за  спречување на ширењето на корона вирусот  и минимизирање на последиците од него,  да се беснее по улиците, да се користат полупразните булевари за достигнување на максимални брзини, да се организираат трки,  е надвор од сите хумани и цивилизациски вредности.

    РСБСП  го осудува секое девијантно и неодговорно однесување во сообраќајот   и апелира до сите учесници во сообраќајот, да бидете внимателни  и одговорни, да ги  почитуваат  сообраќајните правила и прописи, особено правилата за ограничување на брзината.  Со дисциплинирано и одговорно учество во сообраќајот,  најпрво ќе си помогнете на самите себе, ќе го заштитите сопствениот живот и сопственото здравје, а потоа и  животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот. Бидете свесни и совесни и како граѓани и како учесници во сообраќајот. Со одговорното однесување во сообраќајот ќе си помогнете на себе, на другите, но ќе помогнете и на МВР и на здравствените институции за полесно справување со корона вирусот. 

    #БИДИСОВЕСЕН # ВОЗИОДГОВОРНО

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Ниеден изговор не е доволно оправдување. Стави појас!
    Следна Објава:
    semaforko.mk – Веб страна на РСБСП за сообраќајна едукација на децата
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS