Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?– Тркалезна маса во организација на РСБСП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?– Тркалезна маса во организација на РСБСП

    1. Насловна
    2. Активности
    Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?– Тркалезна маса во  организација на РСБСП
    20 септември 2019

    Електричните тротинети и електро мобилноста се нешто ново, нешто што е во тренд, нешто популарно и актуелно.  Нивното присуство во сообраќајот носи многу придобивки, отвора многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места,  загаденоста, итн. но носи и закани за безбедноста на учесниците во сообраќајот.Со цел успешно и ефикасно справување со сите предизвици кои ги носи учеството на електричните тротинети во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организира тркалезна маса  на тема: „Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?“

    На тркалезната маса  присуствуваа  претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Град Скопје, претставници на академската заедница,  невладините организации и здруженија, и др.

    Електричните тротинети секојдневно стануваат составен и нераскинлив дел од патниот сообраќај во Скопје и во другите градови. Анализирајќи ја состојбата во сообраќајот и  правната регулатива од областа на сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја идентификува потребата за организација на тркалезна маса на која ќе бидат анализирани сите отворени прашања кои се поврзани со учеството во сообраќајот со електричен тротинет. Присуството на електричните тротинети во сообраќајот наметнува многу прашања  за тоа: кој може да управува електричен тротинет, на која возраст, што треба да поседува електричниот тротинет, каква опрема треба да користи лицето кое управува електричен тротинет, каде треба да се движат електричните тротинети, со која брзина, кој и каква одговорност ќе сноси доколку се случи сообраќајна незгода од посериозен карактер,  а во која учествувало лице кое управува електричен тротинет,  кои и  какви се придобивките, ризиците и можностите од зголеменото присуство на електричните тротинети во сообраќајот, и др.Целта на денешниот настан е да се даде одговор на сите отворени прашања поврзани со учеството на електричните тротинети во сообраќајот. Сите надлежни институции, експерти од областа на сообраќајот  и сите заинтересирани странки, заеднички да ги анализираме состојбите, светските искуства, најдобрите практики во ЕУ и сите заеднички да понудиме решенија и одговори на сите предизвици и  прашања кои се наметнуваат. Заклучоците од денешната тркалезна маса понатаму ќе бидат преточени во законски решенија со кои прецизно ќе се регулуира учеството во сообраќајот со електричен тротинет – изјави Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска.  

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со порака: За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај- поддржувајте алтернативни форми на мобилност
    Следна Објава:
    Едукативна кампања под мотото “Безбедно дете-за безбедна и сигурна иднина”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS