Претставници на РСБСП учествуваа на 18-та меѓународна конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“, која се одржа од 19 до 22 април 2023 год. во Копаоник, Република Србија. м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, учествуваше со труд во тематската целина „Одржлива урбана мобилност“. На конференцијата учествуваа над 350 еминентни стручњаци од областа на сообраќајот, претставници од државни органи, од единиците на локалната самоуправа и други институции од регионот, кои изнесоа свои научни и стручни сознанија во врска со: организација и управување со безбедноста во сообраќајот, безбедност на учесниците во сообраќајот, безбедност на патната инфраструктура, одржлива урбана мобилност, работа на единиците на локалната самоуправа и др.