Вие сте тука

СТРУЧЕН СОБИР „НЕ КОРИСТИ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗИШ!“

Денес, во просториите на Факултетот за безбедност во Скопје, РСБСП, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност - Скопје, организираа стручен собир на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш!“ со цел подигнување на свесноста за опасноста од користењето на мобилен телефон додека се управува со возило, како и унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

 На стручниот собир се обратија Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска и деканот на Факултетот за безбедност Скопје проф. д-р Никола Дујовски, а потоа следуваа излагања и презентации во врска со темата на собирот, како и дискусија.

м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП посочи дека користењето на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и упати апел возачите да не користат мобилен телефон додека возат затоа што животот, здравјето и безбедноста треба секогаш да бидат на прво место.

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот