Статистика и совети за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Статистика и совети за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Статистика и совети за поголема безбедност на пешаците  во сообраќајот
    7 мај 2018

    Црната статистика за 2017 година покажува дека 34 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои, дури 17 се на возраст над 65 години, а повеќе од 900 се сериозно повредени. Една од причините зошто пешаците толку многу страдаат во сообраќајот, покрај неодговорните возачи и несоодветната сообраќајна инфраструктура, секако е и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи од нивна страна.   За жал, секојдневно можеме да видиме пешаци како поминуваат улица надвор од пешачки премин, на црвен пешачки семафор, како се движат помеѓу две коловозни ленти, помеѓу возила во движење, но и пешаци кои воопшто не ги следат случувањата во сообраќајот поради  мобилниот телефон или слушањето музика. Непотребното задржување на коловозот е редовна појава, особено од страна на повозрасните пешаци.

    Пешаците се најмасовна и најранлива група учесници во сообраќајот, а како таква, општиот впечаток кој го оставаат е недостаток на чувство за нивното активно учество во сообраќајот и недостаток на одговорност дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи што  задолжително треба да се почитуваат.  

    Покрај наведеното, анализите на РСБСП и статистиката, покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем. Имено, обврска на возачите е да се движат со особено внимание секогаш кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината и да ги прoпуштат пешаците на пешачкиот премин, но тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право на првенство на минување. Напротив, пешакот е должен да ја помине улицата на пешачки премин откако ќе се увери дека тоа може да го направи без да го загрози безбедното одвивање на сообраќајот, односно откако ќе се увери дека возилата што се движат на коловозот се во можност навремено и безбедно да  застанат. Непочитување на ова правило од страна на возачите и на пешаците е најголема причина за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците.

    Анализите, исто така, покажуваат дека пешаците се најмалку санкционирани и најмалку контролирани учесници во сообраќајот. Нивното однесување во сообраќајот е препуштено на личната одговорност, свест и совест, како и на сообраќајната култура на секој поединец кој како пешак учествува во сообраќајот.

    Имајќи ја во предвид ваквата состојба, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до пешаците за нивно одговорно учество во сообраќајот и ги потсетува дека, внимателното учество во сообраќајот не е грижа само на возачите, туку и на пешаците. Секој пешак има обврска да се грижи за својата безбедност и да дава личен придонес за непречено одвивање на сообраќајот.

    РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е обврска на секој учесник во сообраќајот, вклучително и на пешаците. Согласно тоа, пешакот треба секогаш да се движи по тротоарот, да ја преминува улицата на пешачки премин, откако ќе се увери дека возилата што се движат по коловозот можат безбедно да застанат, да го почитува црвеното и  зеленото светло на пешачкиот семафор, да не се задржува непотребно на коловозот, да не  застанува и да не се движи помеѓу двете коловозни ленти, секогаш да биде внимателен и фокусиран на сообраќајот итн.

    Прв и најважен чекор кон поголема безбедност на пешаците во сообраќајот е будење на свеста и стекнување добри сообраќајни навики, почитување на сообраќајните правила и прописи, поголема сообраќајна култура и  поголема меѓусебна толеранција меѓу пешаците и возачите.

    Анализите на РСБСП покажуваат дека пешаците најчесто страдаат во сообраќајни незгоди во услови на намалена видливост (дожд и магла), во раните утрински и во доцните вечерни часови, на неосветлени коловози или на неосветлени пешачки премини, и токму затоа, РСБСП укажува на потребата од користење рефлектирачко елече или други рефлектирачки додатоци од страна на пешаците.

    Воедно, РСБСП потсетува: златното правило што важи за поголема лична заштита и за поголема безбедност на секој пешак во сообраќајот, правило што постајано треба да се применува е: „Гледај! Види! Биди виден!“

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП им го честита празникот на сите граѓани и им порачува: Одговорно и безбедно на секое патување.
    Следна Објава:
    Резултати од Регионалниот натпревар “Детски Семафор 2018”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS