Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број на возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози.
За избегнување на несакани ситуации во сообраќајот и за среќни и незаборавни празници, РСБСП на возачите им препорачува:
• да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот,
• да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило,
• да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа,
• да ја почитуваат пропишаната брзина,
• да внимаваат на зимските услови за возење,
• да управуваат технички исправно возило,
• да не користат мобилен телефон додека возат,
• да користат сигурносен појас,
• да одржуваат растојание помеѓу возилата и сл.
РСБСП ви ја честита Новата 2023 година и советува:
За среќни моменти, насмевки и доживувања – бидете внимателни во сообраќајот. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно.
СРЕЌНИ, ВЕСЕЛИ И БЕЗБЕДНИ ПРАЗНИЦИ!
м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, порачува:
Новата 2023-та година нека донесе многу радост, среќа и благосостојба во секој дом. Сите заедно да придонесеме за издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво. Затоа почитувајте ги правилата и прописите и бидете одговорни учесници во сообраќајот.
2023-ТА ГОДИНА НЕКА БИДЕ НАЈБЕЗБЕДНА ДОСЕГА!