Вие сте тука

Средба на претседателот Пендаровски со Гордана Кожуваровска, претседателка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Гордана Кожуваровска, претседателка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

На средбата се разговараше за севкупните активности на советот, насочени кон унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.Претседателката Кожуваровска ги претстави и планираните активности, кампањи, настани, стручни и научни собири и манифестации на советот во 2022 година, кога одбележува 60 години од своето постоење.

Претседателот Пендаровски ги поздрави напорите на советот за подигнување на јавната свест за одговорно однесување и меѓусебно почитување на сите учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека едукативното дејствување е важна алка во процесот за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со крајна цел – заштита на човечкиот живот.

 

 

 

Целни групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот