СОВЕТИ ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    СОВЕТИ ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    СОВЕТИ ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
    21 јануари 2022

    Автомобилот треба добро да се подготви за зимата, а при возење во зимски услови, кога патот е исклучително лизгав, најважна е смиреноста и внимателното ракување на возачот со командите затоа што ненадејните и остри маневри се контрапродуктивни.

    Пред да се вклучите во сообраќај треба да го направите следното:

    1. Седнете правилно и обезбедете си добра видливост – Правилното седење е основа за безбедно возење во какви било услови, а особено е важно кога се предизвикувачки, како во зима. Затоа, не „легнувајте“ зад воланот, не спуштајте го наслонот на седиштето за едвам да стигнете до воланот, бидејќи во оваа положба не можете да реагирате ниту брзо ниту адекватно.

    2. Потпирачот за грб треба да биде поставен колку што е можно поисправено и доволно оддалечено од воланот, така што кога ќе го достигнете горниот дел од воланот, тој да стигне до зглобот на вашата рака. Прилагодете го растојанието помеѓу седиштето и воланот така што левата нога ќе е речиси целосно испружена кога ќе се притисне куплунгот.

    3. Направете си удобност. Во зима, поради студот, обично носиме гломазни, тешки и дебели чевли и облека. Сето тоа е во спротивност со принципите на безбедно возење. Важно е да го чувствувате автомобилот што е можно подобро. Вкочанетите и тврди зимски чевли и подебелата облека ве ограничуваат во движењата и брзината на реакцијата во исто време, што може да биде пресудно за безбедно возење во зима. Затоа, штом се загрее кабината во автомобилот, бидете удобни. Доколку возењето е подолго, размислете да користите дополнителен пар меки чевли само додека возите.

    4. Додатоци – Покрај задолжителната стругалка за мраз или спреј за одмрзнување стакло, во багажникот корисно е да ставите и некои други додатоци кои би можеле да ви бидат од помош во зима (на пример: стари ракавици и ќебиња во случај да треба да менувате гума). Чадорот е нешто што во секој случај би било корисно да се има во автомобилот, а ако сакате да ја зачувате внатрешноста на вашиот автомобил, корисно е да купите гумени теписи кои собираат влага која ја внесуваме во автомобилот со чевлите.

    5. Исчистете ја шофершајбната од надвор – За добра прегледност од позицијата на возачот, прво треба да ја исчистите шофершајбната која во зима може да биде замрзната или покриена со снег. Притоа ветробранското стакло треба да се чисти цело, а не само во средината.

    6. Одмрзнете ја шофершајбната – Откако целосно ќе ја исчистите шофершајбната однадвор, бидејќи температурите во зима се ниски и има многу влажност во воздухот и околината, кога ќе влезете во автомобилот често се случува таа да се замагли од внатрешната страна. Не само поради топлината на вашето тело и здивот, туку и поради фактот што во зима внесуваме многу влага во автомобилот со нашите чевли и облека. Затоа, треба да се одмагли пред да почнете да се движите. По палењето на моторот вклучете ја вентилацијата најсилно и насочете ја кон шофершајбната. Корисно е да ја вклучите климата без разлика колку е студено, бидејќи климата го суши воздухот.

    7. Одмрзнете го задното стакло – Пред возењето, покрај обезбедувањето видливост на шофершајбната, неопходно е истото да се направи и со задното стакло. Затоа, откако ќе изгребете мраз или снег од шофершајбната, истото треба да го направите и со задните и страничните прозорци, како и со ретровизорите. Во повеќето модерни автомобили задното стакло и надворешните ретровизори имаат вградени електрични грејачи кои им овозможуваат не само брзо одмрзнување, туку и одмаглување. Имајте на ум дека тие трошат многу електрична енергија, затоа користете ги само кога работи моторот.

     

    РСБСП апел: За поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, применувајте ги советите за возење во зимски услови.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Честит празник Богојавление- Водици
    Следна Објава:
    Заљуби се во безбедното возење
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS