Вие сте тука

Совети за безбедно учество на велосипедистите во сообраќајот

Се повеќе велосипедисти и мотоциклисти има на улиците, па возачите треба да  посветат посебно внимание на нив. Статистиката покажува дека повеќето велосипедисти ги губат своите животи на почетокот и на крајот на сезоната.  Еве совети за велосипедистите и за возачите се со цел улиците да ни бидат безбедни, а животите спасени. 

 

Велосипедисти:

1. Држете ја вашата страна и секоја промена на насоката, сигнализирајте со рака!

Иако сте сигурни во вашето возење, потребно е и другите учесници во сообраќајот да го забележат тоа. Со сигналицизација со раката ќе остварите директен контакт и почитување кон другите учесници, ќе го привлечете вниманието со вашето присуство и ќе допринесете за безбедно и удобно возење велосипед во градот.

 

2. Внимателно поминувајте покрај паркираните автомобили

Бидете внимателни кога на десната страна на коловозот има паркирани автомобили. Често се случува возачот одеднаш да ја отвори вратата и да излезе од автомобилот, а тоа е една од најчестите причини за страдања на велосипедистите.

 

3. Осветлете се

Задолжително користете предно и задно светло кога возите во текот на ноќта. Доколку немате светла кои ќе укажуваат на вашето присуство, подобро е да не возите навечер.

 

4. Користете лев ретровизор, да ја контролирате вашата лента

Тоа ви овозможува преглед на просторот од каде што доаѓа најголема опасност. Кога ќе ги воочите останатите учесници во сообраќајот, во можност сте навремено да завземете безбедна позиција во лентата за движење. Доколку забележите дека ви се приближува автомобил со поголема брзина, можете со рака да дадете сигнал за означување на присуството на патот.

 

5. Слушајте што се случува околу вас

Иако е честа слика на улиците возење на велосипед и слушање музика на слушалки, тие две работи едноставно не одат заедно. Треба секогаш да се слушне сето она што се случува околу вас.

 

Возачи:

1. Како да претекнете велосипедист 

Кога ќе забележите велосипедист на патот, намалете ја брзината како би можеле да почекате безбеден момент за претекнување.

2. Безбедна дистанца

Претекнувањето на велосипедист единствено е безбедно на растојание од 1-1,5 метар, чекајте ја таквата можност.

3. Без сирена

При претекнување, не го вознемирувате велосипедистот со притискање на сирената. Често велосипедистите не се во можност веднаш да се тргнат десно заради разни препреки кои се наоѓаат на десната страна на коловозот, како дупка на патот и слично.

4. Внимавајте при излегување од возилото

Кога сте застанати со автомобилот на десната страна од коловозот, посветете внимание пред да ја отворите вратата дали позади вас на патот има велосипедист.

Возачи внимавајте

Ниеден број не е мал кога се работи за изгубени животи. Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на  сообраќајот на патиштата минатата година 9 велосипедисти го изгубиле својот живот на патиштата низ Македонија. Оваа бројка е сеуште голема, а единствено ние самите можеме да ја намалиме и тоа со повнимателно возење. Апелираме до сите возачи да внимаваат во сообраќајот и да ги почитуваат  правилата и прописите.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2020 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media