Совети за безбедно патување во лето – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Совети за безбедно патување во лето

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Совети за безбедно патување во лето
    13 јуни 2017

    Периодот на летните одмори и официјално почна. Топлото сонце, песочните плажи, високите планински врвови и ладот под густата дабова шума, се само дел од предизвиците поради кои со нетрпение чекаме да седнеме зад воланот и да се впуштиме во летна авантура со најблиските. Фреквенцијата на автомобили и зголемениот интензитет на сообраќај, овој период од годината, бараат одговорност: внимателно учество во сообраќајот и соодветна проверка на возилото пред секое патување.

    „Колку подолго патување, толку потемелна подготовка на автомобилот“. На прво место е техничката проверка на автомобилот – превентивна техничка проверка во станиците за технички преглед и редовен сервис во овластен сервисер. Искусните возачи многу често знаат да препознаат некој проблем во автомобилот и се во состојба самостојно и соодветно да ги проверат сите важни параметри, но сепак најсигурно е ако техничката проверка биде направена од овластени и стручни лица.

    Најважните работи кои секој возач може самостојно да ги направи, а кои РСБСП ги препорачува  за „неопходни“ пред секое патување се:

    • Пред самото патување задолжително проверете го притисокот на гумите, длабочината на шарата и секако проверете ја резервната гума, но и дали алатот за нивно менување е комплетен и е на место.
    • Проверете ги течностите во возилото. Маслото, течноста за кочниците и течноста во ладилникот. Секогаш имајте навика да понесете резерва од сите овие течности.
    • Проверете го акумулатоторот и бришачите и количината на течност за нив. 
    • Проверете ја светлосната сигнализација – фаровите, стоп-светлата, трепкачите… Секогаш имајте при рака барем нешто од основниот алат заедно со електрични светилки, а по можност и резервни батерии.
    • Резервниот клуч од автомобилот оставете го кај личноста која наједноставно ќе ви го достави доколку се случи да го загубите клучот или да го заклучите во автомобилот.
    • Проверете и дополнете го сетот за прва помош и сетот за итни ситуации.
    • Проверете го детското седиште и исправноста на сигурносните појаси. Сигурносниот појас и детското седиште нека бидат ваш партнер во патувањето. Тој е поставен да ве заштити вас од повреди и загуби. Малата некомфорност во текот на патувањето, не е ништо во споредба со сигурноста која ја дава појасот и седиштето.
    • Проверете ја работата на клима уредот и обезбедете доволно гориво во резервоарот затоа што сообраќајниот метеж може да ве остави заглавени во сообраќај  подолго време. Не дозволувајте горивото да дојде на резерва за да почнете да ја барате следната бензиска пумпа.

     

    Особено важно за безбедноста на сите учесници во сообраќајот и на сите патници кои се во возилото со вас, е да патувате во раните утрински часови, одморени и наспани. Долгите патувања, гужвите и високите температури предизвикуваат замор, па затоа, најдобро е да бидете добро одморени и свежи додека го управувате автомобилот. Консумирајте повеќе течности и почесто одмарајте. Не возете повеќе од 3 до 4 часа без пауза, колку и да се чувствувате одморено. Менувајте се со останатите возачи во автомобилот. На премногу долги и напорни возења, препуштете го воланот на оној кој е најподготвен за возење во моментот.

    Практикувајте да ги запознаете пријателите и семејството со планот на патувањето за да имаат увид во планираната временската линија и да се подготвени да реагираат во итни случи и секако проверувајте ја временската прогноза, како за деновите и за местото каде ќе го минете одморот, така и за местата низ кои минува патот. Подгответе се за патот соодветно на предвидените временски услови.

    Други важни работи што РСБСП ве советува да ги практикувате, навидум не толку важни, а верувајте ќе ве спасат од многу непријатности, се:

    • Понесете одредна залиха храна и течности. Во непланирани ситуации, како застој во сообраќајот, проблем со автомобилот и слично, залихите на храна и течности можат да ти бидат од голема важност.
    • Обезбедете  полначи за мобилните телефони за во кола.
    • Навигациска помош. Дури и кога имате GPS уреди во автомобилот, или на мобилниот телефон, понесете со вас обична хартиена мапа на патот.
    • Проверете ги уште еднаш потребните документи за возилото – возачка, сообраќајна, Зелен картон ако патувате  во странство, како и дозвола за управување туѓо моторно возило во странство, ако автомобилот не е сопственост на лицето кое го управува.
    • Имајте при рака очила за сонце. Намалената видливост е еден од најголемите проблеми за секој возач.

    Бидете трпеливи

    Во летниот период трпеливоста е многу важен фактор за безбедноста на сообраќајот на патиштата, па едноставно ќе ви биде полесно доколку се помирите со фактот дека е гужва, редици од возила ќе има на наплатните рампи и на граничните премини. Внимавајте на престигнувањето и никако на практикувајте слалом возење!

    Почитувајте ја сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци

    Почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е основно правило за безбедно управување со возилото. Бидете внимателни, следете ја сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци, тие се поставени за вас да ве известат за безбедната брзина на движење на патот, за условите на патотот, за опасностите на патот, за одрони, за лизгав коловоз, итн. Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот. Почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е гаранција за безбедно одвивање на сообраќајот. 

    Не возете брзо и не возете под дејство на алкохол

    Брзото возење и алкохолот се водечки причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа, прилагодете ја брзината на условите на патот, не престигнувајте на полна линија, или пак, кога немате прегледност на патот и секако, никогаш не управувајте моторно возило под дејсатво на алкохол. 

    Во секое патување најважно е да се стигне до саканата дестинација здрав и жив. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Најопасни работи кои ги прават возачите
    Следна Објава:
    Стоте најцрни денови во сообраќајот допрва доаѓаат
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS