Вие сте тука

Соработка на РСБСП и Мото Клуб „Безбедност“ - Скопје

На 11 и 12 јуни 2022 година, во Скопје беше одржан тренинг за безбедно управување со мотоцикл во организација на Мото Клуб „Безбедност“ - Скопје. Настанот беше поддржан од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на реализацијата на кампањата за одговорно и безбедно учество на мотоциклистите во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи и користење на заштитна опрема, во прв ред заштитен шлем, а со цел зголемување на безбедноста на мотоциклистите и останатите учесници во сообраќајот. Мото клубот „Безбедност“ - Скопје на м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП му додели благодарница за соработката со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот