Вежбата беше дел од проектот “Безбедноста на моторциклистите во сообракајот”, кој го организира РСБСП во соработка со прилепскиот Мото клуб “Санс оф тендер ем си Македонија”, МВР, како и со Црвениот Крст и Итната медицинска помош. Целта на симулацијата беше подобро запознавање на младите со мотоциклизмот, како и претставување на целосната опрема која треба да ја поседува еден моторциклист за поголема безбедност при возењето.