Вие сте тука

СИГУРНОСНИОТ ПОЈАС СПАСУВА ЖИВОТ

Користењето на сигурносен појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот, односно патникот, во случај на ненадејно запирање на возилото или сообраќајна незгода. Според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, сигурносниот појас е склоп од ремени со сигурносно копче, уред за приспособување и приклучоци кои што можат да се врзат во возило на моторен погон и е проектиран да го намали ризикот од повреди на лицето што го носи во случај на судир или на ненадејно забавување, со ограничување на подвижноста на телото на лицето кое го носи. Возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат. Придобивки од користењето на сигурносен појас се:

  • овозможува заштита при нагло запирање на возилото или во случај на сообраќајна незгода,
  • ја намалува веројатноста за смрт или сериозна повреда при сообраќајна незгода,
  • спречува исфрлање на патниците од возилото во случај на сообраќајна незгода или превртување на возилото,
  • комбинираното делување на сигурносниот појас и воздушното перниче ја зголемува безбедноста на патниците.

 

РСБСП апелира: Заради лична безбедност и безбедност на патниците во возилото, секогаш, при секое патување користете сигурносен појас. Сигурносниот појас спасува живот. Да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот!

ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО! КОРИСТЕТЕ СИГУРНОСЕН ПОЈАС!

    

Целни групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот