Во првата половина од месец февруари 2024 година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, реализира кампања под мотото „Вози одговорно за празникот на љубовта и виното“.Кампањата се реализира со цел да се подигне свеста на возачите да не управуваат со моторно возило доколку одлучат да консумираат алкохол. Кампањата се реализираше во Скопје, Битола, Кочани, Кавадарци, Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Ресен, Крушево, Берово, Куманово, Гевгелија, Свети Николе и др. На возачите им беше поделен едукативно-превентивен материјал и беа потсетени на сообраќајните правила и прописи, како и на нивната улога во зачувувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на патиштата.