РСБСП на терен денеска во Струмица во Пензионерскиот дом „Бинго“, каде беше реализирана превентивно-едукативна активност и едукативно предавање во рамки на „Неделата на пешаците“ која се спроведува од 01 до 07 Април, како дел од националната кампања „Безбедноста на пешаците – одговормост на сите нас“, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Едукативното предавање беше организирано во соработка со Одделение за превенција при СВР Струмица и Општински совет за безбедност на сообраќајот Струмица, со активно учество на претставници од институциите и граѓани. Со фокус на повозрасната популација како една од најранливите групи учесници во сообраќајот.
На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков, како и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кои ја истакнаа важноста од континуирана едукација и заедничка акција за зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот.
Целта на овие активности е подигнување на јавната свест и унапредување на сообраќајната култура, со посебен фокус на пешаците како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, како и директно придонесување кон намалување на бројот на настрадани пешаци во сообраќајни незгоди.
Кампањата „Безбедноста на пешаците – одговормост на сите нас“ продолжува и во наредниот период со низа активности низ државата, насочени кон создавање побезбедна сообраќајна средина за сите под мотото „Секој живот е важен“