РСБСП со потсетување: Зимските гуми обезбедуваат стабилност и безбедност при возењето во услови на ниски температури и замрзнати коловози! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со потсетување: Зимските гуми обезбедуваат стабилност и безбедност при возењето во услови на ниски температури и замрзнати коловози!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со потсетување: Зимските гуми обезбедуваат стабилност и безбедност  при возењето во услови на ниски температури и замрзнати коловози!
    26 ноември 2020

    За секоја површина постои соодветна опрема. За безбедно возење на снег, дожд, на влажни и замрзнати коловози,  неопходно е да се  користат зимски гуми или друга зимска опрема предвидена со Правилникот за дополнителна опрема во возилата. 

    Истражувањата покажуваат дека поради замрзнатите и влажни коловози сопирачкиот пат на возилото во зимски услови  е подолг  и често пати неправилен доколку не се користат зимски гуми  или друга зимска опрема.

    Согласно ЗБСП, обврската за поседување на зимска опрема е задолжителна и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот (независно дали е тоа во населено или надвор од населено место)  во периодот од 15 Ноември до 15 Март следната година.

    За возилата со маса  до  3500 кг под зимска опрема се подразбира   зимски гуми  на сите тркала со минимална длабочина на шарите од  4 mm или летни гуми на сите тркала со  минимална длабочина на шарите од 4 mm и синџири за снег за погонските  тркала.

    Согласно наведеното, законот овозможува две опции, но искуствата и фактите покажуваат дека користењето на зимски гуми овозможува повеќе поволности и поголема безбедност во споредба со комбинацијата на летни гуми и синџири за снег. Согласно наведеното, РСБСП потсетува на предностите кои ги носат зимските гуми:

              •   Континуирана заштита. Зимските гуми се монтираат пред почетокот на зимската сезона и се користат цела зима. Синџирите за снег се местат по потреба. Временските услови во зима се непредвидливи и во такви услови местењето синџири на тркалата е покомплицирано во споредба со навремената замена на гумите. Дополнително, во зима, и покрај навидум сувите коловози, честа е појавата на голомразица на мостови, на остри кривини, на осојни места и во такви ситуации многу побезбедни се возилата со зимски гуми.

                • Безбедност. Зимските гуми не се само гуми за снег.  Зимските гуми се идеални за  температури под 7 степени целзиусови.. Зимските гуми се направени од специјална смеса и содржат повеќе природна гума, што ги прави помеки и со подобар контакт со подлогата при пониски температури. Летните гуми ги губат своите својства на температури под 7˚С.

               • Безбедно запирање. При зимски услови на патиштата, сопирачкиот пат на возило со зимски гуми е најмалку за 20% пократок во споредба со истото возило со летни гуми. Сопирачкиот пат на возилото и траекторијата на запирање се клучни дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода и какви ќе бидат последиците од неа.

               •  Стабилност и моќност. Во зимски услови, при ниски температури, зимските гуми ја зголемуваат влечната сила на возилото дури и кога коловозот е сув, влажен или снежен.

              •   Мобилност и контрола.  Зимските гуми ја зголемуваат мобилноста и контролата на возилото при пониски температури и при снежни и замрзнати коловози. Зимските гуми имаат подлабоки шари што ги истиснуваат водата и влажниот снег. Ситните пори што се наоѓаат на нагазната површина на зимските гуми се конструирани да ја исфрлаат водата и снегот и да обезбедат поголема стабилност на возилото.

              •   Економичност. И покрај тоа што купувањето зимски гуми претставува дополнителен трошок, важно е да се истакне дека со соодветна замена и со соодветна употреба на зимски и летни гуми, употребната вредност на гумите се зголемува двојно, што на подолг рок значи и заштеда на средства.

    За безбедно, сигурно и стабилно возење на ниски температури,  користете  зимски гуми!  Комбинацијата на летни гуми и синџири за снег исто така обезбедува високо ниво на заштите во зимски услови на патиштата, но зимските гуми обезбедуваат повисоко ниво на безбедност, стабилност и економичност.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Продолжуваат активностите на РСБСП за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди
    Следна Објава:
    Биди подготвен за безбедно патување во зима
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со нова кампања за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и е-тротинети за нивно безбедно учество во сообраќајот
    • РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата
    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS