РСБСП со потсетување: Од 15 Ноември, задолжително носење на зимска опрема во возилото! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со потсетување: Од 15 Ноември, задолжително носење на зимска опрема во возилото!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со потсетување: Од 15 Ноември, задолжително носење на зимска опрема во возилото!
    12 ноември 2020

    Зимското време се приближува. За да бидете сигурни дека вашето возило нема да ве остави заглавени во снегот и дека безбедно ќе можете да се движете по замрзнати, влажни и снежни коловози, време е да направите соодветна зимска подготовка и проверка на возилото. Под редовна зимска проверка на возилото се подразбира проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокт на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави, итн.

    Сите овие проверки и подготовки се важни, но најважно од сѐ е носењето на соодветна зимска опрема. Носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година.Согласно тоа РСБСП со потсетување:

              •  Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

              •   Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

               •  Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

                • Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

    Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

    Со цел појасно толкување на  Правилникот за користење на дополнителна опрема во возилата, РСБСП потенцира дека во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег.  Исто така  особено важно е тоа што обврската за носење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото.

    РСБСП со апел:  За твоја безбедност,  користи соодветна зимска опрема и пристигни безбедно на посакуваната дестинација при зимски услови на патиштата!

    #КОРИСТИЗИМСКАОПРЕМА!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел: Паркирај совесно, не го зафаќај  местото резервирано за возилата на лицата со  посебни потреби!
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Сообраќајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се предизвикуваат со неодговорно учество во сообраќајот!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS