РСБСП со порака: За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај- поддржувајте алтернативни форми на мобилност – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со порака: За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај- поддржувајте алтернативни форми на мобилност

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со порака: За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај- поддржувајте алтернативни форми на мобилност
    17 септември 2019

    ,,European Mobility Week,, – „Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која Европската комисија почнувајќи од 2002 година, ја спроведува  во периодот од 16 до 22 септември секоја година. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз.

    Алтернативните форми на мобилност носат многу позитивни придобивки како за поединците кои ги користат, така и за заедницата и слободно може да се каже  дека тоа се економски, еколошки и енергетски нај одржливите и најефикасни форми на мобилност и наша обврска е како поединци, како институции и како општество, активно да ги поддржуваме и стимулираме.Согласно со тоа,  РСБСП со потсетување кои се придобивките од користењето на алтернативните форми на мобилност:

    • Според истражувањата на реномирани  меѓународни организации, лицата кои пешачат и возат велосипед живеат во просек две години повеќе од оние  кои не  пешачат и не возат велосипед и земаат 15% помалку  денови за боледување.
    • Возењето велосипед согорува 600 калории на час. Возењето велосипед неколку пати неделно го намалува крвниот притисок, а истовремено ви ја зголемува енергијата.
    • Возењето велосипед и пешачењето  прави да се чувствувате помлади и ве ослободува од стресот со кои секојдневно се соочувате.
    • Пешачењето и возењето велосипед е во  хармонија со природата.  Придонесува за здрава животна средина, намалено загадување, намален сообраќаен метеж и намалена бучавост.
    • Истражувањата покажуваат дека на растојание до 5 километри,  во урбана средина,  велосипедот е доминантно  превозно средство во однос на автомобилот од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување на посакуваната дестинација  и од аспект на  полесно паркирање.
    • Паркингот за велосипеди е секогаш достапен, бесплатен и одзема многу помалку простор.
    • Со пешачење и со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство заштедувате многу пари за скапо гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поефтина опција, отколку купувањето автомобил.
    • Возењето велосипед, пешачењето и користењето на јавниот превоз создава пријателства и ја подобрува комуникацијата со луѓето и со околината.
    • Статистичките податоци покажуваат дека ако се земаат во предвид бројот на поминати километри и бројот на пренесени патници, јавниот превоз е најбезбеден начин за пристигнување до посакуваната дестинација.
    • Јавниот превоз е редовен и загарантиран. Со користењето на јавниот превоз се елиминираат ризиците кои може да го загрозат  патувањето како техничка неисправност на возилото, откажување на возилото на пат, итн.Согласно наведеното, користењето на алтернативните форми на мобилност треба да биде ваша секојдневна, позитивна навика од која добиваат сите,  а најмногу вие самите.

    РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот да бидат безбедни во сообраќајот и да користат алтернативни форми на мобилност – пешачење, велосипедизам и користење на јавен превоз. За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај- користете и поддржувајте алтернативни форми на мобилност.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со поддршка за алтернативните форми на мобилност
    Следна Објава:
    Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?– Тркалезна маса во организација на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS