РСБСП со нова кампања за техничката исправност на возилата – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со нова кампања за техничката исправност на возилата

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    10 ноември 2025

    Редовното одржување и техничката исправност на моторните возила преставува клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнува новата превентивно-едукативна кампања за „Унапредување на работата на станиците за технички преглед и подигнување на свеста за важноста на техничката исправност на возилата“, со цел системско подигнување на свеста за значењето од редовна проверка и одржување на моторните возила.

    Истражувањата и анализите за причините за случување на сообраќајните незгоди покажуваат дека техничката неисправност на возилата е значаен фактор кој директно влијае на безбедносноста состојба во сообраќајот. Неисправноста на системите за сопирање, управување, светлосна сигнализација, пневматици и другите системи и уреди создаваат сериозна закана по безбедноста на возачите, патниците и останатите учесници во сообраќајот.

    Со оваа кампања, РСБСП потсетува дека техничките прегледи не се само законска обврска, туку и морална и општествена одговорност на секој сопственик на возило. Технички исправното возило е клучно за минимизирање на ризикот од незгоди и за подигнување на нивото на сообраќајна култура и дисциплина на патиштата.

    Во остварувањето на целта за обезбедување техничка исправност, станиците за технички преглед на возилата имаат исклучително значајна улога. Тие се првата линија на контрола и имаат клучна улога во системот на патната безбедност, каде стручно обучен персонал, со користење на современа опрема, ги проверува сите витални системи на возилото – сопирачки, управување, суспензија, светлосна сигнализација, систем за издувни гасови, пневматици и други механички елементи критични за безбедно учество на возилото во сообраќајот.

    РСБСП истовремено апелира до возачите и сопствениците на возила да ја препознаат важноста на редовните проверки на возилата не како формалност или дополнителен трошок, туку како реална мерка за заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Секој од нас има обврска и интерес да управува технички исправно возило, со што ќе допринесе до побезбеден сообраќај.

    Во рамките на кампањата ќе бидат реализирани повеќе активности, меѓу кои:

    • Едукативни и информативни настани;
    • Медиумски содржини со практични совети за безбедно одржување на возилата;
    • Соработка со овластените правни лица за вршење на технички преглед (СТП) и авто-сервиси;
    • Изработка и дистрибуција на промотивни едукативни материјали насочени кон подигнување на јавната свест за важноста на техничката исправност на возилата.

    Затоа:
    Редовно проверувајте ја исправноста на вашето возило. Не го ризикувајте сопствениот живот и животите на другите. Техничката исправност на вашето возило е гаранција за безбедно патување и одговорно учество во сообраќајот. Тоа е заедничка грижа за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

    Проверете. Одржувајте. Возете безбедно!

    " Безбедност, Вози Одговорно, возило, Кампања, проверка, РСБСП, Станици за технички преглед, техничка исправност
    Претходна Објава:
    РСБСП дел од „III Македонски конгрес за патишта – 2025“
    Следна Објава:
    РСБСП започнува со зимската кампања „Вози безбедно – стигни сигурно“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП со традиционален новогодишен подарок: Детско-автомобилско седиште за првородените деца во 2026 година

    Новогодишен апел за безбедна и среќна 2026 година

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП: Почеток на второто полугодие – апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
    • Апел за зголемена внимателност и одговорно учество во сообраќајот
    • РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS