РСБСП со апел: Вози одговорно – Вози одморен! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Вози одговорно – Вози одморен!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со апел: Вози одговорно – Вози одморен!
    23 јули 2021

    Летото е период кога температурите секојдневно се издигнуваат  над 30°C. Во вакви услови возењето и патувањето стануваат се потешки и бараат многу повеќе внимание, концентрација и фокусираност. Високите летни температури влијаат на способноста на возачот, влијаат на техничката исправност на возилото, а секако влијаат и на условите на патот.

    Со цел безбедно патување, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување до возачите:

       • Високите температури негативно влијаат на способноста за управување на моторно возило и придонесуваат за појава на замор, дефокусираност и пад на концентрацијата кај возачите.  Избегнувајте да патувате во период од денот кога температурите се највисоки односно патувајте во раните утрински или во раните вечерни (доцни попладневни) часови.

       • Внимавајте на температурата  во возилотo односно внимавајте на температурните разлики и правете постепена адаптација и аклиматизација при влегување или излегување од возилото. Се препорачува разликата на температурата во возилото и надвор од возилото да не биде поголема од  7°C.

       • Планирајте го вашето патување на време и  патувајте наспиени и одморени. Избегнувајте да патувате во часовите предвидени за спиење. Ниту еден кофеински или енергетски производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат.

       • Консумирајте повеќе течности (особено вода) и правете минимум 15 минути пауза на секои два до три часа активно возење.

       • Не ги преценувајте вашите возачки способности и не го потценувајте заморот. Веднаш штом ги почувствувате првите знаци на замор, запрете го возилото, и направете кратка пауза.

       • Високите температури влијаат и на условите на патот. Намалете ја брзината и држете безбедно растојание затоа што во услови на високи дневни температури поради намаленото триење на пневматиците и коловозната површина, сопирачкиот пат на возилото е подолг.

    РСБСП со апел: Возењето во летни услови носи многу предизвици. Обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани  за патување, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. За ваша безбедност, и за безбедноста на вашите најмили, бидете одговорни во сообраќајот. Вози одговорно – Вози одморен!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „Не го потценувај заморот – Вози одморен!“, превентивна акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце
    Следна Објава:
    Летна превентивната кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО! ВОЗИ ОДМОРЕН!”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    РСБСП со активности низ целата држава по повод 14 Февруари – Празникот на виното и љубовта

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и ЖРФМ: 8 Март – Почит, еднаквост и безбедност во сообраќајот за секоја жена
    • Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот
    • Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS