Вие сте тука

РСБСП со апел: Уживајте во празниците, прославете достоинствено, возете одговорно!

Новогодишната еуфорија веќе силно се чувствува. Најлудата и највеселата ноќ е пред нас. Сите имаат свои планови, идеи и желби.  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им посакува на сите граѓани, добра забава, весело расположение  и добар помин, но истовремено потсетува дека во вакви услови важно е да се задржи здравиот разум и одговорното однесување.

 Фактот што се прославува, односно фактот што се дочекува новата година,  не ви дава за право да возете под дејство на алкохол, да бидете агресивни во сообраќајот и да не ги почитувате сообраќајните правила и прописи. Напротив, во вакви  услови треба да бидете двојно повнимателни и двојно поодговорни во сообраќајот.

Ризикот за учество на неодговорни учесници во сообраќајот за време на прославата на новогодишната ноќ е поголем од вообичаено. Временските услови, поточно ниските температури во доцните вечерни и  раните утрински  часови  ја зголемуваат веројатноста за појава на голомразица на патиштата, а со тоа дополнително  се отежнува безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата.

Токму затоа  РСБСП со  корисни совети и препораки  до секој возач:

  • За време на новогодишните празници не го користи својот автомобил ако навистина немаш потреба.
  • Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш! Алкохолот и „воланот“ никогаш не одат заедно!
  • Брзината изнудува грешки! Уживај во празниците, уживај во возењето. Почитувај ги правилата за ограничување на брзината.
  • Празниците се време за уживање. Помини ги во кругот на семејството, уживај во друштво со најблиските. Не дозволувај една грешка, еден непромислен чекор во сообраќајот, веселите празнични денови да ги претвори во нечија семејна трагедија.

РСБСП посакува, среќни, весели и безбедни празници во секој дом.  Возете одговорно, патувајте безбедно.  Не дозволувајте празничната еуфорија да завладее со вашиот разум и да направете грешки за кои ќе се каете цел живот. Не возете под дејство на алкохол, почитувајте ги правилата за ограничување на брзината. Уживајте во празниците и  прославете  достоинствено.

„Среќна нова 2020 година“ . Вози одговорно, патувај безбедно, чувај ја насмевката на твоето лице!

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2020 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media